Идно прекажано време

Идно прекажано време е сложена глаголска форма. Со него се искажува идно или минато-идно дејство кое сами не можеме да го посведочиме.

Се образува со честичката ќе и минато неопределено време од глаголот.

На пример:

еднина
1л. ќе сум читал (прочитал)
2л. ќе си читал (прочитал)
3л. ќе читал (прочитал)

множина
1л. ќе сме читале (прочитале)
2л. ќе сте читале (прочитале)
3л. ќе читале (прочитале)

  • Ова време се образува и од несвршени и од свршени глаголи.
  • Во формата за трето лице се испушта помошниот глагол сум.
  • Кај оние глаголи што имаат две л-форми, се зема несвршената форма.
  • Одречната форма се образува со негацијата не пред целата глаголска форма: не ќе сум читал.
  • Со истото значење, одречна форма може да образуваме со глаголот нема (во л-форма во среден род – немало) и да-конструкцијата: немало да читам.

 

Значењата на идно прекажано време

 

Со идно прекажано време се означуваат дејства како со идното и минато-идното време, но кои не се засведочени. Ние не сме биле присутни, па затоа го прекажуваме дејството.

На пример:

идно време: Тој ќе ми прости. (Знам, ми кажал дека ќе ми прости.) Наспрема: Тој ќе ми простел. (Прекажано, некој друг ми кажал дека ќе ми прости.)

минато-идно време: Тој ќе дојдеше да му кажаа на време. (Засведочено дејство.) Наспроти прекажаното: Тој ќе дошол да му кажеле на време.

 

Прочитај повеќе за другите времиња во македонскиот јазик на следните врски:

 

Идно време

Идно време е сложена глаголска форма.…