Лични заменки

1. Лични заменки кои го изразуваат односот кон говорната ситуација (номинативна форма, подмет):

еднина
1.л. јас
2.л. ти
3.л. тој, таа, тоа

множина
1.л. ние
2.л.вие
3.л. тие

 

прво лице – лицето што зборува (јас, ние);
второ лице – лицето кому му се зборува (ти, вие);
трето лице – лице кое се споменува во говорот, а не мора да биде присутно (тој, таа, тоа, тие).

 

2. Лични заменки за означување директен и индиректен предмет (за лица кон кои е насочено дејството).

 

а) за директен предмет:

еднина
1 л. мене; ме
2 л. тебе; те
3 л. него; го; неа; ја

множина
1.л. нас; нè
2.л. вас; ве
3.л. нив; ги

 

Овие заменки имаат долги и кратки форми, а претставуваат остатоци од старите акузативни форми. Овие форми ги употребуваме за искажување на директен предмет.

б) Лични заменки за индиректен предмет (дативна форма):

еднина
1 л. мене; ми
2 л. тебе; ти
3 л. нему; му; нејзе; ù

множина
1.л. нам; ни
2.л. вам; ви
3.л. ним; им

 

И овие заменки имаат долги и кратки форми, а се остатоци од старите дативни форми. Нив ги употребуваме за искажување индиректен предмет.

На пр.: Јас читам книга. (подмет)
Таа мене ме виде во киното. (директен предмет)
Тој мене ми рече да дојдам. (индиректен предмет)

в) Лично-повратна заменка

себе; се
себе; си