Минато определено несвршено време (имперфект)

Минато определено несвршено време е проста глаголска форма. Означува глаголско дејство што се вршело во минатото во присуство на лицето кое зборува.

Се образува од несвршени глаголи.

Минато определено несвршено време се образува од општиот дел на глаголот, основниот вокал и наставките:

еднина
1л. – в
2л. – ше
3л. – ше

множина
1л. – вме
2л. – вте
3л. – а

 

На пример:

глагол од а-група

еднина
1л. вик-а-в
2л. вик-а-ше
3л. вик-а-ше

множина
1л. вик-а-вме
2л. вик-а-вте
3л. вик-а-а

Глагол од и-група

еднина
1л. нос-е-в
2л. нос-е-ше
3л. нос-е-ше

множина
1л. нос-е-вме
2л. нос-е-вте
3л. нос-е-а

  • Во примерот забележуваме дека кај глаголите од и-група (носи) основниот вокал и преминува во е.

Глагол од е-група

еднина
1л. плет-е-в
2л. плет-е-ше
3л. плет-е-ше

множина
1л. плет-е-вме
2л. плет-е-вте
3л. плет-е-а

  • Кај глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на самогласка, во 3л. множина се јавува наставка – ја (наместо -а): пееја, пиеја, спиеја, итн. (Според правописното правило дека во македонскиот јазик не може да стојат три самогласки една до друга, оваа наставка е логична појава.)

 

Други значења на минато определено несвршено време

Освен основното, за означување минати дејства осведочени од говорителот, формите на ова време може да ги употребиме и за:

  • блага заповед: Да ми го вратеше пенкалото, ќе може? (Врати ми го пенкалото!)
  • условно значење: Да дојдеше навреме, ќе ја видеше тортата. (Ако дојдеше навреме, ќе ја видеше тортата.)
  • готовност за извршување некое дејство: Ја отепав, ако ја фатев со него.

 

Минато определено несвршено време од помошниот глагол СУМ

 

еднина

1л. бев

2л. беше

3л. беше

множина

1л. бевме

2л. бевте

3л. беа

 

Прочитај повеќе за другите времиња во македонскиот јазик на следните врски:

 

Идно време

Идно време е сложена глаголска форма.…