Надреден знак (`)

Надреден знак (`) е правописен знак.
Надреден знак се пишува само во три случаи:
  • над самогласката е во кратката заменска форма од нас нè, за да се разликува од негацијата не.

На пример: Кога влеговме не нè забележаа веднаш.

  • над самогласката е во прилогот сè  за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка себе се која често ја употребуваме со повратните глаголи.
На пример: Сè се случи многу брзо.
  • над самогласката и кај кратката заменска форма од нејзе ù за да се разликува од сврзникот и.
На пример: Не ù рече ништо и не ù дозволи да зборува.