Образување на придавките

Образување нови зборови од други зборови е многу продуктивен начин за збогатување на речникот. Голем број придавки се образувани од други зборови, особено односните.

Придавки се зборови што означуваат некој признак (карактеристика) на предметот што го определуваат.
Нивната основна служба е да ја определуваат именката (придавање кон именката) и затоа најчесто стојат непосредно пред неа.

Дел од придавките се образуваат од други зборови со суфикси.

1. Образување од именки обично се прави со суфиксите:
– ов/ -ев (јаболков);
– ски/ -шки/ -чки (свински, морски, тиквешки, човечки);
– ен (дрвен, златен, устен);
– ест (пердувест);
– ин (теткин);
– ји (птичји, кравји)
– ав (крастав)

2. Од глаголите се образуваат придавки со следните суфикси:
– ен (плетен, шиен);
– ачки/ -ечки (исцрпувачки, стоечки, пливачки);
– лив (предвидлив, миризлив);
– телен (растителен).

3. Од други придавки:
– кав (дебелкав, жолетникав);
– ичок/ – ечок (слабичок, малечок);
– узлав (белузлав).

4. Од прилози:
– ен/ -шен (долен, овдешен).

5. Од бројни основи:
– ен (двоен, троен)
– ти (петти);
– ичен (првичен, вторичен).