Предминато време (плусквамперфект)

Предминато време е сложена глаголска форма. Со него се искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство.
Се образува од минато определено несвршено време од сум (бев) и глаголската л-форма.

бев + л-форма

На пример, со глагол од а-група:

еднина
1л. бев читал (прочитал)
2л. беше читал (прочитал)
3л. беше читал (прочитал)

множина
1л. бевме читале (прочитале)
2л. бевте читале (прочитале)
3л. беа читале (прочитале)

Со глагол од и-група

еднина
1л. бев носел
2л. беше носел
3л. беше носел

множина
1л. бевме носеле
2л. бевте носеле
3л. беа носеле

Со глагол од е-група

еднина
1л. бев одел
2л. беше одел
3л. беше одел

множина
1л. бевме оделе
2л. бевте оделе
3л. беа оделе

 

Значењето на предминато време

 

Значењето на ова време е означување дејство што се случило пред друго минато дејство.

Употребата на предминатото време е многу ограничена во современиот македонски јазик. Формите на ова време се чувствуваат застарени, па има тенденција да се заменат со некои други, како што се: минато неопределено или определено со конструкциите со глаголска придавка и сл.

На пример:

Се беше изнаоблекол како да е среде зима.

Во современиот израз почесто ќе употребиме:

Се изнаоблекол како да е среде зима.

Беше изнаоблечен како да е среде зима.

Се имаше изнаоблечено како да е среде зима.

 

Прочитај повеќе за другите времиња во македонскиот јазик на следните врски:

 

Идно време

Идно време е сложена глаголска форма.…