Преодност на глаголите

Преодност на глаголите е граматичка категорија што се однесува на тоа дали дејството е тесно врзано со предметот во реченицата или не.

Глаголите се поделени во две групи во зависност од тоа дали покрај себе бараат или не бараат да стои некој збор како задолжително дополнение.

Значењето на оваа граматичка категорија не се изразува со посебни морфолошки средства (наставки или претставки), туку е содржано во значењето на глаголот.

 

Разликуваме:

а) Преодни глаголи – нивното дејство „преоѓа“ на предметот, односно целосно го опфаќа.
На пр.: носи вода; кажува приказна.
Овие глаголи не можат да стојат самостојно, без предмет, бидејќи ќе остане отворено прашањето: што носи? што кажува?

б) Непреодни глаголи – дејството не преоѓа на ништо, односно не мора да се поврзуваат со предмет.
На пр.: Птицата лета, тој оди итн.

 

Во тесна врска со преодноста на глаголите е и категоријата повратност.

в) Повратни глаголи – дејството преоѓа врз лицето што ја врши работата, но не секогаш бидејќи тука влегуваат сите глаголи во чиј состав влегува кратката заменска форма од повратната заменка себе се.

Кај овие глаголи не значи дека дејството се враќа на вршителот туку повратноста произлегува од повратната заменка која ја содржат.
На пр.: се чешла, се смее, се радува итн.

Тие искажуваат дејство со ист вршител (подмет) и подносител на дејството (предмет) или означуваат дејство што е во опсег на вршителот.