Приближна бројност

Со броевите, освен одредена, изразуваме и приближна бројност.

 

1. Приближната бројност обично се искажува така што ќе се сврзат и ќе се изговорат со еден акцент два соседни броја.

два-три, три-четири, пет-шест, шест-седум, седум-осум

На пр.: Во кошницата имаше три-четири јаболка.

(Значењето е дека имало три или четири јаболка, приближно, не се знае точниот број.)

 

а) Кај броевите поголеми од 10 во првиот дел оди најчесто само соодветната единица.

два-тринаесет, три-четиринаесет, пет-шестнаесет, седум-осумнаесет, осум-деветнаесет;

два-триесет, три-четириесет, пет-шеесет, седум-осумдесет, осум-деведесет;

три-четиристорини, пет-шестотини, шест-седумстотини.

На пример:

Момчето имаше два-тринаесет години, а неговиот татко три-четириесет.

 

б) Кај некои броеви е необично ваквото сврзување, па затоа се изговараат поединечно.

единаесет-дванаесет, четириесет-педесет
2. Од десетките и од бројот сто се образуваат форми за приближна бројност со наставката: -ина.
десетина, дваесетина, триесетина, четириесетина, педесетина, шеесетина, седумдесетина, осумдесетина, деведесетина, стотина.