Функцијата на именките во реченицата

Именките вршат најразлични служби во реченицата.

Тие стапуваат во различни односи со другите зборови во реченицата, а тоа не наоѓа свој надворешен израз. Односно, именките не ја менуваат својата форма, туку само местото и функцијата во реченицата.

1. Именката е најчесто подмет во реченицата.

На пр.: Детето спие. Човекот работи.

Зборовите: детето и човекот (именки), се подмет во речениците, односно вршители на дејството.

2. Именката може да се јави како составен дел на прирокот – именски прирок.

На пр.: Петре е овчар. Ти си ученик.

Во овие примери именки се зборовите: овчар и ученик. Тие со помошниот глагол сум (во примерите: е и си) образувале именски прирок.

3. Именката може да се јави и како дополнение:

а) дополнение на глаголот – предмет

На пр.: Го видов овчарот.

Во примерот, именката овчарот е предмет во реченицата. Подметот е јас, прирокот е видов, а предмет – кого го видов? – овчарот.

б) дополнение на именката – атрибут

На пр.: сила работа, домаќин човек, ручек време.

 

Задача:

1. Каква е службата на именките во следните реченици:

а) Девојчето си игра.

одговор

Девојчето си игра.

Во оваа реченица има две именки.

Девојчето е подмет во реченицата.

Игра – односно, си игра е именски прирок.

б) Никола е студент.

одговор

Никола е студент.

Во оваа реченица има две именки: Никола и студент.

Никола е подмет, а студент е дел од именскиот прирок (е студент).

в) Марија пишува писмо.

одговор

Марија пишува писмо.

Во оваа реченица има две именки: Марија и писмо.

Марија е подмет, а писмо е предмет (што пишува? – писмо).

г) Телефонот ми заѕвоне за време на часот.

одговор

Телефонот ми заѕвоне за време на часот.

Во оваа реченица има три именки: телефонот, време, часот.

Телефонот е подмет, а другите две именки се додаток за време (кога заѕвоне?)