Функција на придавката во реченицата

Функција на придавката во реченицата означува место и задача на овој вид збор од морфолошка гледна точка во синтаксичка. Затоа, нејзината функција во реченицата е предмет на проучување на морфосинтаксата.

Морфолошки, придавката е менлив збор што означува некое својство на именката, а синтаксички, таа може да биде подмет или дел од глаголско-именскиот прирок.

 

Придавката во реченицата е секогаш поврзана со именката, па затоа нејзината функција е во тесна врска со неа. Таа врска може да биде непосредна или посредна.

На пр.:

1. Добра книга.

2. Книгата е добра.

Во првиот пример врската е непосредна (веднаш пред именката) и тогаш придавката има улога на атрибут.

Во вториот пример врската е посредна (стои со помошниот глагол сум – е) и тогаш е дел од прирокот (именски прирок).

Поретко се случува придавката да стои самостојно во реченицата, без именката. Тогаш значењето на придавката се доближува до значењето на именката. Во ваков случај придавката добива функција како именката, односно може да биде:

а) подмет во реченицата

на пр.: Немирните беа избркани од час.

б) предмет во реченицата

на пр.: Им завидувам на старите за мудроста што ја поседуваат.

в) прилошка определба

на пр.: Јас ќе напишев подобро.

 

Следните вежби и задачи се за повторување на:

а) придавки и видови придавки;

б) степенување на придавките;

в) образување на придавките;

г) функциите на придавката во реченицата.