Глаголска л-форма

Глаголска л-форма е именска форма на глаголот. Таа нема самостојна употреба во реченицата. Со неа, со помошниот глагол сум и честичката би, се градат некои сложени глаголски форми.

Глаголската л-форма спаѓа во именските форми на глаголот. Таа е нелична глаголска форма (нема промени по лица), но има три форми за трите рода во еднина и една форма во множина.

Се образува од глаголот и наставките: -л, -ла, -ло; -ле.

глагол + л 

На пример, од несвршени глаголи:

глаголска а-група: викал (машки род), викала (женски род), викало (среден род); викале (множина);

глаголска и-група: носел, носела, носело; носеле;

глаголска е-група: плетел, плетела, плетело; плетеле.

На пример, од свршени глаголи:

извикал, извикала, извикало; извикале

испратил, испратила, испратило; испратиле

испеал, испеала, испеало; испеале.

 

  • Глаголската л-форма се образува и од несвршени и од свршени глаголи.

 

Со неа се образуваат:

  1. Минато неопределено несвршено време: еднина – 1л. сум читал, 2л. си читал, 3л. читал; множина – 1л. сме читале, 2л. сте читале, 3л. читале.
  2. Минато неопределено свршено време: еднина – 1л. сум прочитал, 2л. си прочитал, 3л. прочитал; множина – 1л. сме прочитале, 2л. сте прочитале, 3л. прочитале.
  3. Предминато време: еднина – 1л. бев читал, 2л. беше читал, 3л. беше читал; множина – 1л. бевме читале, 2л. бевте читале, 3л. беа читале.
  4. Идно прекажано време: еднина – 1л. ќе сум читал, 2л. ќе си читал, 3л. ќе читал; множина – 1л. ќе сме читале, 2л. ќе сте читале, 3л. ќе читале.
  5. Можен начин: еднина – за сите три лица – би читал; множина – за сите три лица – би читале.

Од темата морфологија прочитај и за:

  1. Морфологија
  2. Делови на зборот
  3. Морфема -видови морфеми
  4. Збороформа
  5. Морфолошка поделба на зборовите

Прочитај повеќе за времињата во македонскиот јазик на следнава ВРСКА.

Прочитај повеќе за глаголите на следните врски:

  1. Морфологија – глаголи (матура)
  2. Глаголски групи и раздели
  3. Граматички категории кај глаголите
  4. Именски форми на глаголот

 

Глаголска л-форма Глаголска л-форма има нема има нема

Scroll to Top