Пишување на согласките В и Ф

Гласовите В и Ф се пар од звучна и безвучна согласка.

Според македонскиот Правопис, согласката В не се едначи по звучност.

Таа се пишува:

  • на почетокот од зборот кај: влез, внатре, внесе, внук, втор, втораче, вторник, второлигаш, второстепен, вторпат, вчера;
  • на други позиции во зборот: був, евтин, евтинија, кожув, мавта, мавне, фреквенција и сл.

Гласот в не се пишува и не се изговара во следниве случаи:

  • во почетокот на зборот: заемен, заемно, заемност;
  • во глаголите: преземе, заземе;
  • во прилогот: однатре;
  • во заменката сѐ и во сложенките со неа: сеедно, сеопшт, сеопфатен, сестран и др.

 

Согласката Ф се пишува:

  • место некогашната група -хв-: фали, пофали, пофалба, фати, фатен, се нафаќа, зафати, пофаќа, префати, фрла, сфати, сфаќа;
  • во заемки од други јазици: кафе, кафез, софра, фес, филџан, фурна, фурнаџија, фустан, профил, фабрика, факт, фактор, фар, фасада, фигура, филм, филозофија/философија, физиономија, фудбал, функција, функционер.