Ташко Георгиевски

црно семе

Ташко Георгиевски

(15 март 1935-13 април 2012)

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија, почина во Скопје, 2012 година.

Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.

Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“.

Ги добил наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.

 

Литературно творештво

 

  • „Ние зад насипот“ (раскази, 1957)
  • „Луѓе и волци“ (роман, 1960)
  • „Ѕидови“ (роман, 1962)
  • „Суви ветрови“ (раскази, 1964)
  • „Црно семе“ (роман, 1966)
  • „Змиски ветар“ (роман, 1969)
  • „Црвениот коњ“ (роман, 1975)
  • „Куќа под калето“ (раскази, 1978)
  • „Време на молчење“ (роман, 1978)
  • „Рамна земја“ (роман, 1981)
  • „Плочата на животот“ (автобиографски записи, 1987)
  • „Кајмакчалан“ (роман, 1992)
  • Црно семе / Црвениот коњ / Жолтиот трендафил (филмски сценарија, 1997)
  • „Исчезнување“ (роман, 1998)

Неговите романи претставуваат една целина, како дело во продолженија.

 

Црно семе
.
Во низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот дел; мотивот на прогонот, насилството и теророт е даден во романот Црно семе“.
Темата на романот е судбината на група Македонци, затвореници на еден пуст остров во Егејското Море.
Идејата е дека никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност.
Времето на случување е Граѓанската војна во Грција, крајот на четириесеттите години од 20 век (нешто по Втората светска војна).
За основа на фабулата е земен конкретен настан: кон крајот на Граѓанската војна монархистичката власт изделува една група војници – комунисти и Македонци кои ги обвинува за работење против тој режим. Ги носат на пуст остров за да ги превоспитаат.
Прочитај повеќе за романот „Црно семе“ на следнава ВРСКА.
Прочитај повеќе за ликовите во романот ТУКА.