Entries by Билјана

Правината и Кривината

Правината и Кривината

(Македонска народна приказна)

 

Некогаш останала Правината без работа, та немала пари да си купи леб за да јаде и три дена гладувала.
Шетала, одела овде-онде за да најде леб, но не можела и викнала сирота:

– Оф јас сирота, што да правам, дали ќе умрам од глад, нема ли никој да ми помогне?

Ја слушнала Кривината и излегла пред неа:

– Што те мачи, а друшко, што туку офкаш? – ѝ рече Кривината.
– Оф мори … Повеќе >>

Пишување на согласките Н и Њ

Согласката Н се пишува:

 

  • во зборовите: вишна, пена, пустина, затина, препина, протина, сопина, свински, свинче, свинштина, бастун, во личното име Прохор Пчински и др.;

 

  • пред б во случаите како: бонбона, бонбониера, Истанбул, одбранбен, прехранбен, станбен итн.;

 

  • пред други согласки: инјекција, инјектира, инстинкт, инстинктивно, конјугација, конјункција, конјунктивит, конјунктурен, конфекција и сл.

Согласката Н не се пишува во зборот: величествен.

Согласката Њ се пишува:

 

  • во зборовите: дење, сињак, сукња;

 

  • на крајот од зборот, во зборовите од домашно

Повеќе >>

Пишување на согласките В и Ф

Гласовите В и Ф се пар од звучна и безвучна согласка.

Според македонскиот Правопис, согласката В не се едначи по звучност.

Таа се пишува:

  • на почетокот од зборот кај: влез, внатре, внесе, внук, втор, втораче, вторник, второлигаш, второстепен, вторпат, вчера;
  • на други позиции во зборот: був, евтин, евтинија, кожув, мавта, мавне, фреквенција и сл.

Гласот в не се пишува и не се изговара во следниве случаи:

  • во почетокот на зборот: заемен, заемно, заемност;
  • во глаголите: преземе, заземе;

Повеќе >>

„Авантурите на Артур Гордон Пим“ – По

„Авантурите на Артур Гордон Пим“ е единствениот завршен роман од Едгар Алан По објавен 1838 година.
Според насловот, романот би можеле да го класифицираме како авантуристички, но во него има многу автобиографски елементи, како и мотиви карактеристични за симболизмот.
Ова дело на По ги инспирирало нејголемите авантуристички автори, како што се Херман Мелвил („Моби Дик“) и Жил Верн („20 000 милји под морето“, „Пат околу светот за 80 дена“) да ги напишат своите препознатливи романи.

Иако се гледал себеси како … Повеќе >>

Македонскиот јазик за време на НОБ (кодификација)

За време на Втората светска војна и НОБ, во Македонија постоеле илегални печатници каде се печателе разни летоци, прогласи, манифести и брошури. Јазикот што е употребуван во овие материјали не е сосема изедначен, но очигледен е стремежот да се употребуваат централните говори.
Во печатницата во селото Горно Врановце, Велешко, 1944 година излегол од печат првиот број на весникот „Нова Македонија“.
Со сите историски насоки и стандардизации, како и примената на македонскиот јазик меѓу двете светски војни и за време на … Повеќе >>