Entries by Билјана

Писмена работа за „ Големата вода“

Љубовта на родителот е незаменлива – Големата вода од Чинго

Секое дете има потреба од мајчинска љубов, нега, воспитување. Секое дете има потреба од мајчинска прегратка, утеха, топлина, совет. Но, за жал, секое дете не го доживува тоа.

Живко Чинго во романот „ Големата вода“ ни го претставил детството на група сирачиња по Втората светска војна, и ќе каже, дека не запомнал друго место каде толку брзо умира детството како во домот за сирачиња.

Кутрите дечиња, останати без … Повеќе >>

Писмена работа за „Судбината на човекот “

Војната го разорува животот на човекот, но го прави уште посилен (Андреј Соколов од Судбината на човекот – Шолохов)

Многу несреќи може да ни се случат во животот, но пострашно од војна – нема. Во неа човекот станува нечовек, станува убиец, станува ѕвер. Андреј Соколов од расказот „Судбината на човекот“ ја имал таа лоша судбина – да ја доживее и преживее војната.
Тој бил скромен човек, по потекло од сиромашно семејство, кој едвај се снаоѓал да преживее. Имал … Повеќе >>

Писмена работа за „Пиреј“

Истрајноста на македонскиот народ прикажана во романот Пиреј од Петре М. Андреевски

Македонец сум, во Македонија, дел од македонскиот народ и нашата мачна македонска историја и сегашност. Кога ќе ги повторам зборовиве, сè ме потсеќа на мака, мака и само мака. Затоа ли е Македонија? Зашто е созданена со маки, зашто истрајала во маки, зашто со мака опстојала и со маки опстојува?

Петре М. Андреевски вели дека нашето племе е пиреј, дека сме како тревата што не може … Повеќе >>

За матуранти

Покрај мојот прирачник „За матуранти“ кој навистина помага за подготовка на матурскиот испит по македонски јазик и литература, бидејќи е работен според испитната програма, сега ќе имате можност речиси целата негова содржина да ја следите преку аудио-видео лекции и на тој начин уште полесно да го повторите материјалот за тестот.

Испитна програма

 

Јазик

 

Наука за јазикот – лингвистика

Аудио-видео повторување на темата:

  • што е лингвистика;
  • што е јазик;
  • поделба на јазиците;
  • национален јазик;
  • дијалектен јазик;
  • стандарден јазик;
  • видови

Повеќе >>

Матурски прашања граматика – тест 4

Javascript is disabled

Javascript is disabled on your browser. Please enable it in order to

Повеќе >>