Entries by Билјана

Глаголска именка

Глаголската именка е именска форма на глаголот. Со неа се искажува трајно глаголско дејство. Таа го именува глаголското дејство.

Граматички, глаголската именка се однесува како именка. Таа е во среден род, може да направи множина и да се членува.

  • Се образува од несвршен глагол и наставката -ње.

На пример: носење, викање, плетење, читање, седење, пиење, јадење.

јаде: јадење (еднина, среден род); јадења (множина);

членувана форма, во еднина: јадењето, јадењево, јадењено;

членувана форма во множина: јадењата, јадењава, јадењана.

 

  • Од некои

Повеќе >>

Глаголска придавка

Глаголската придавка спаѓа во именските форми на глаголот.

Се образува од глаголот и наставките: -н, -на, -но; -не; и: -т, -та, -то; -те.

На пр.: читан, читана, читано; читани; носен, плетен, шиен;
ценет, ранет, пукнат, чукнат, паднат.

Глаголската придавка претставува преодна форма од глагол во придавка, но граматички се однесува како придавките. Ги има трите граматички категории – род, број и член.

  • Се образува од несвршени и од свршени глаголи.

На пример, од несвршен глагол:

еднина: миен (машки род), миена … Повеќе >>

Глаголски прилог

Глаголскиот прилог е именска форма на глаголот и проста глаголска форма.

Се образува од несвршени глаголи и наставката: – јќи

  • Кај глаголите од а-група, наставката се додава зад основниот вокал а: чита: читајќи, игра: играјќи, вика: викајќи.
  • Кај глаголите од и-група и е-група, наставката се додава на основниот вокал е: носи: носејќи, коси: косејќи, оди: одејќи; плете: плетејќи, мие: миејќи, пее: пеејќи.

Со глаголскиот прилог се искажува дејство што се врши паралелно со некое друго дејство во … Повеќе >>

Прости глаголски форми

Прости глаголски форми се оние што содржат само глагол во лична глаголска форма. Тука глаголот добива различни наставки (флексии) и го среќаваме во различни збороформи. Односно, зборот не го менува своето основно (лексичко) значење, туку само граматичкото.

Во прости глаголски форми спаѓаат:

а) сегашно време,

б) заповеден начин,

в) минато определено (несвршено и свршено) време,

г) глаголска л-форма,

д) глаголска придавка,

ѓ) глаголски прилог, и

е) глаголска именка.

 

Сегашно време

Сегашното време означува глаголско дејство што се врши … Повеќе >>

Сегашно време

Сегашно време е проста глаголска форма.

Се образува од основата на несвршени, трајни глаголи. На општиот дел и основниот вокал се додаваат наставките:

 

 

На пример, со глагол од а-група:

 

Со глагол од и-група

 

Со глагол од е-група

  • Во примерите се издвоени општиот дел (коренот), основниот вокал и наставките.
  • Во трето лице еднина сегашно време нема наставка и затоа таа форма е земена за определување на глаголската група. Во македонскиот јазик таа форма е

Повеќе >>