Реализам – појава и подвидови

Правецот реализам се појавува во услови на целосен напредок на науката, во триесеттите години од XIX век. Прво се појавува во Франција, за набрзо да се рашири и во другите европски земји.

Особености на реализмот

1. Одразување на животната стварност, но не како буквално фотокопирање, туку како обопштување (од повеќе слични ситуации или личности се прави избор и се создава еден, односно се обопштува);

2. Се анализира, се критикува и се бара разрешување;

3. Создавање на типични карактери во типична

Повеќе >>
Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов – избор раскази

Антон Павлович Чехов (1860 – 1904)

Антон Павлович Чехов е претставник на рускиот натурализам. Роден е во Таганрог на брегот на Азовското Море, во ситнотрговско семејство. Татко му сосема пропаднал, па тој морал сам да се издржува со давање часови, за да ја заврши гимназијата. Потоа оди во Москва каде добива стипендија за медицински студии. Тогаш започнува со пишување, но под разни псевдоними, а најчесто како Антоша Чехонте. Пишувал безброј цртички, скици, новели, пародии, шеги, кои ги објавувал по весниците. Во 1887 година

Повеќе >>

Митот за Сизиф (текст)

Сизиф, син на богот на ветровите Еол, и основач на градот Коринт, се сметал за најитар човек во древните времиња. Никој не можел да се рамни со него по итрост. Благодарејќи на тоа, тој натрупал небројно богатство во Коринт и надалеку се разнесол гласот за неговите скапоцености.

Еднаш Сизиф му го поткажал на речниот бог Азоп вратилиштето на Зевс, а за тоа Азоп му ветил дека ќе направи да избие извор студена вода во коринтскиот град. На тоа место

Повеќе >>
Константин Миладинов (1830-1862)

Константин Миладинов – поетско творештво

Константин Миладинов (1830-1862)
Константин Миладинов (1830-1862) е основоположник на македонската уметничка поезија. (Пред него стихови напишале Кирил Пејчиновиќ и Џинот, но без уметничка вредност.)

Константин е најмалото, седмото дете во семејството, родено неколку месеци по смртта на таткото. Сепак, имал полесни услови за школување поради брат му Димитрија кој го зел под своја закрила. Кај него го завршил основното училиште, гимназија завршил во Јанина, а на студии се запишал на Филозофскиот факултет во Атина (3 години). Сакајќи да се школува на словенски

Повеќе >>
Ристо Крле (1900-1975)

„ Парите се отепувачка “ од Ристо Крле (целата драма)

Ристо Крле

ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА

ЛИЦА:
МИТРЕ, сиромав земјоделец
МАРА, негова жена
АНЃЕЛЕ, нивни син
КАТА, нивна ќерка
СОФРЕ, нивни зет, Катин маж
АНА, нивна внука од ќерка им Ката
КОТЕ, близок роднина, бивш печалбар
ДЕПА, жена на Котета
ФРОСА, кума Митрева
СПАСА, девојче на 7 години |
ТАНЕ, дете на 3—4 години деца на Фроса
ПАНДЕ, кирајџија
ЈАНКУЛА, земјоделец
ПРВО ДЕТЕ
ВТОРО ДЕТЕ
ЕДЕН СЕЛАНЕЦ
ЕДНА ЖЕТВАРКА
ЖЕТВАРКИ: Се случувало, се случува и ќе се случува на секаде каде

Повеќе >>