Македонската литература по Втората светска војна

Карактеристики на македонската литература по Втората светска војна

 

Македонската литература има свој специфичен развој поради петвековното османлиско владеење, Балканските војни, Светските војни, аспирациите на соседите и наметнувањето на нивниот јазик, немањето свој литературен јазик. Но, по Втората светска војна условите сосема се менуваат. Македонија добива своја држава, свој литературен јазик, своја самостојност. Така литературата доживува еруптивен развој и надокнадување на сето она што е пропуштено во минатото.

  1. Македонската литература има тенденција жанровски да се надополни, односно да
Повеќе >>
Стале Попов (1902-1965)

Стале Попов „Крпен живот“

Стале Попов (1902-1965)

Стале Попов (1900-1965) е роден во с. Мелница, Мариовско, како син на свештеник. Образованието го започнал во с. Витолиште, а богословија завршил во Битола. Потоа го завршува Теолошкиот факултет во Белград, каде го затекнува Втората светска војна. Се враќа во Македонија, каде за време на војната се поврзува со Народноослободителното движење и зазема раководни места. По војната доаѓа во Скопје и работи како професор по македонски јазик, на која должност и се пензионира. Почнал со пишување во подоцнежни години

Повеќе >>
Васил Иљоски (1902-1995)

Васил Иљоски „Чорбаџи Теодос “ (раскажана)

За животот на Васил Иљоски

Васил Иљоски (1902-1995)

Васил Иљоски (1902-1995) е продолжувач на започнатата драмска и театарска традиција во Македонија и поврзувачка нитка со современата македонска драма. Тој творел цели педесет години придонесувајќи во развојот на драмското творештво.
Иљоски е роден во Крушево, една година пред Илинденското востание. По востанието, татко му отишол во Куманово да бара подобри услови за живот и работа. Десетина години подоцна целото семејство се преселило во Куманово. Таму го завршил основното училиште и гимназијата. Му помагал

Повеќе >>

Старословенски и црковнословенски период

Во историскиот развој на македонскиот јазик разликуваме старословенски и црковнословенски период.

Писмената активност на Словените опфаќа два периода: старословенски (IX – XI век) и црковнословенски (XII – XVIII век).

Старословенски период

Словенската писменост се создала во втората половина на деветтиот век, односно во 863 година кога Кирил ја составил првата словенска азбука – глаголицата (или една година пред тоа, 862 – пред Моравската мисија).
Јазикот на старите Словени се нарекува прасловенски јазик, а јазикот по создавањето на азбуката се

Повеќе >>
Васил Иљоски (1902-1995)

Васил Иљоски – „Чорбаџи Теодос “ (цела драма)

Васил Иљоски – „ Чорбаџи Теодос “ 

Драма во три чина

ЛИЦА:
ТЕОДОС, богат трговец и лихвар
КЕВА, негова жена
ТОМЧЕ, син на Теодос
СПИРО, слуга на Теодос
НАЦА, слугинка, жена на Спиро
СТОЈАНКА, сиромашна девојка
ЕФКА, нејзина тетка
АРСО, бакал
ПОЦКО, христијански Циганин
ПЕТРИЈА, негова жена
АМПО |
ЃОРГО |
РИСТЕ |
КОЛЕ нивни синови
ЦОНКА, нивна баба
СЕЛАНЕЦ
ПАНКО, коџабашија
СВИРАЧИ
Дејството се случува во Скопје, во турско време, еден есенски ден пред пладне.

Повеќе >>