Лирски народни песни

Чувството е основниот елемент на сите лирски песни. Народните лирски песни најчесто биле интерпретирани од жени, па затоа се нарекуваат и женски песни.

Македонските народни песни претставуваат дел од богатото фолклорно наследство на нашиот народ.

Народните песни потекнуваат од најдалечното минато. Нивниот автор е непознат (анонимен), а се зачувале со усно пренесување од колено на колено.
Македонските народни песни почнале да се запишуваат во средината на деветнаесеттиот век, во времето на Преродбата. Први интерес покажале научници од соседните народи, како
Повеќе >>

Димитар Миладинов – Романтизмот (Преродбата во Македонија)

Романтизмот во Македонија се појавува во средината на XIX век (1850-1860 г.)
Тој се карактеризира со будење на националната свест:
– воведување на македонскиот (народен) јазик во училиштата;
– составување и печатење учебници;
– собирање народни умотворби.

Димитар Миладинов (1810-1862)

Челно место во македонската преродба зазема Димитар Миладинов. Тој прв ја поведе и организира преродбенската борба.
Роден е во Струга, во бедното и многудетно (5 браќа и 2 сестри) семејство на грнчарот Ристе. Од најрана возраст пројавил желба да се
Повеќе >>
Константин Миладинов (1830-1862)

Константин Миладинов – поетско творештво

онстантин Миладинов (1830-1862) е основоположник на македонската уметничка поезија. (Пред него стихови напишале Кирил Пејчиновиќ и Џинот, но без уметничка вредност.)

Константин е најмалото, седмото дете во семејството, родено неколку месеци по смртта на таткото. Сепак, имал полесни услови за школување поради брат му Димитрија кој го зел под своја закрила. Кај него го завршил основното училиште, гимназија завршил во Јанина, а на студии се запишал на Филозофскиот факултет во Атина (3 години). Сакајќи да се школува на словенски јазик

Повеќе >>
Рајко Жинзифов (1839 - 1877)

Рајко Жинзифов

ајко Жинзифов (1839 – 1877) е во Велес во влашко гркоманско семејство. Неговото вистинско име било Ксенофон Ѕинѕиф. Татко му, Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.
Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Под негово влијание го променил грчкото име во словенско – Рајко Жинзифов.
Повеќе >>