Лоша мисла — цела болест

Царската ќерка и еќимот

Лоша мисла — цела болест

(Македонска народна приказна)

 

Eдна царска ќерка боледувала од некоја мисла што имала. Сите царски доктори фатиле да ја лекуваат и никој лек не беше нашол. Од ден на ден сè полошо се чинела и на лице гинела.

Чул еден стар доктор, што бил заборавен од светот поради староста што ја имал, кој никој не беше го викал.

— Ја чекај — рекол сам со себе — да појдам кај царската … Повеќе >>

Кузман Шапкарев

Животот на Шапкарев

 

Кузман Анастасов Шапкарев (1 февруари 1834-18 март 1909) е роден во Охрид, во семејство на бедни и неписмени родители. Самиот тој за својот татко Анастас  ќе рече дека бил „прост и сиромав работник и сосема неписмен“.

Мајка му,  Марија Стрезова, била таа што ќе инсистира да го школува Кузмана, па дури со свој труд заработувала за да му обезбеди средства.

Основното образование го стекнал кај вујко му, Јанаки Стрезов, со извесни прекини.

Кога од финансиски причини … Повеќе >>

Неволјата викни ја секаде да ти помага

Неволјата викни ја секаде да ти помага

(Македонска народна приказна)

 

Си бил еден мрзлив дрвар. Еден ден жена му со сила го пратила да оди на дрва и да ја викне Неволјата да му помогне да ги натовари дрвата.
Пошол дрварот в планина и со голема мрза набрал дрва. Арно ама, сега требало да ги натовари. Се вртел-се сукал за да ја види Неволјата од некоја страна, ама ја немало, па почнал да вика:
— Неволјооо, Неволјоооо, ела да … Повеќе >>

Правината и Кривината

Правината и Кривината

(Македонска народна приказна)

 

Некогаш останала Правината без работа, та немала пари да си купи леб за да јаде и три дена гладувала.
Шетала, одела овде-онде за да најде леб, но не можела и викнала сирота:

– Оф јас сирота, што да правам, дали ќе умрам од глад, нема ли никој да ми помогне?

Ја слушнала Кривината и излегла пред неа:

– Што те мачи, а друшко, што туку офкаш? – ѝ рече Кривината.
– Оф мори … Повеќе >>