Извадоци од „ Слово за празниците “ од Пејчиновиќ

„ Слово за празниците “ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен јазик, тетовски говор.
Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата – како да се поправат грешките при празнувањето.

Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто

Повеќе >>

Првите македонски печатници

ојавата на првите македонски печатници претставува стремеж за воведување на македонскиот јазик во црквите и училиштата преку испечатени книги.
Пред да се отворат македонски печатници, книгите за печатење се носеле во Будим, Виена, Белград и Русија. Ова било и скапо и ризично, па затоа се чувствувала потреба од отварање печатници во Македонија.

рвата печатница била отворена во Солун меѓу 1835 и 1838 година. Архимандритот Теодосиј Синаитски, според рускиот научник Виктор Григорович, ја отворил во 1835 година, но таа изгорела во

Повеќе >>
Теодосиј Синаитски

Теодосиј Синаитски

иографски податоци за Теодосиј Синаитски не постојат, освен оние што ги зачувал народот во своите преданија. Според нив, Теохар е роден во Дојран, а грчко училиште завршил во Цариград. По враќањето се запопил, но сакајќи да се закалуѓери заминал на полуостровот Синај. Со закалуѓерувањето го добил името Теодосиј. На Синај го изучил словенскиот јазик и се зафатил со преведување црковни книги кои ги праќал во родниот крај. Како заслужна личност бил унапреден во архимандрит, а по посетата на Ерусалим се
Повеќе >>

Значењето и јазикот на првите македонски просветители

Со создавањето на македонската граѓанска класа расте свеста за неопходноста од употреба на народниот јазик во црквите и училиштата, како и потребата за печатење книги за таа намена.
На почетокот од 19. век, во време на османлиско владеење и грчка доминација во црквите, зачувувањето на верата и јазикот значи зачувување на националноста.
Првите просветители, Крчовски и Пејчиновиќ, сфаќајќи ја нужноста од зачувување на верата со своите проповеди се обидуваат морално да го подучат неукото македонско население. Тие се против пиењето,
Повеќе >>