Средновековна литература (видови)

Библијата и црквата извршиле многу силно влијание врз човекот. Со векови човекот бил притиснат да го живее животот на земјата под силни црковни норми, да работи и страда, а како награда за земните откажувања да го добие вечниот – задгробен живот. Ова силно влијание на црквата, секако имало одраз врз уметничките создавања. Ова е десетвековното апстинирање од уметнички израз, средниот црн век, времето на инквизицијата. Секое и најмало пројавување на уметност, наука или било каков напредок било казнувано со

Повеќе >>

„ Панонски легенди “ – Житијата и мисиите на браќата Кирил и Методиј

Панонски легенди

„ Панонски легенди “ е најстарото оригинално дело од нашата (словенската) средновековна литература. Составено е од два дела: Житие на Кирил и Житие на Методиј. Во нив е опишан животот на двајцата создавачи на словенската писменост. Во врска со авторството на житијата има различни мислења, од кои се издвојуваат две:
1. Дека автор на Кириловото житие е Методиј, а на Методиевото Климент Охридски;
2. Дека автор на двете житија е Климент Охридски.
Тема во житијата е животот и
Повеќе >>

Климент Охридски – Охридска книжевна школа

Охридска книжевна школа

По смртта на Методиј, неговите ученици биле изложени на големи измачувања и прогон. Дел од нив успеале да побегнат во Бугарија, која тогаш била силна држава. Но, таму тие не биле добро прифатени, па затоа дел од нив дошле во Македонија, во Охрид. Тука развиваат огромна просветителска работа, а особено се истакнуваат Климент и Наум Охридски кои во IX век ја основаат Охридската книжевна школа — првиот универзитет кој броел 3500 ученика.

Одлики на оваа школа се:
Повеќе >>

„ Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф “ од Климент Охридски

            Похвално слово
 
            („ Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф “)
            Овој текст од Климент Охридски е една од најпоетичните творби од старословенската литература.
            Словото претставува химна во која се искажува топлата љубов и благодарност кон учителот (тема).

            Идејата е пофалба на Кирил и повикот да се слави неговото име и дело.

 

            Композициски текстот е составен од четири дела:
            1. Обраќање кон
Повеќе >>

Похвала на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф (текстот)

Похвала на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф

од Климент Охридски

Еве, ни светна, христољупци, светлозрачниот спомен на нашиот преблажен татко Кирил, нов апостол и учител на сите земји којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното божество, осветлувајќи го сиот свет.

Божјата премудрост си соѕида храм во неговото срце и на јазикот негов како на херувим почиваше секогаш Светиот дух разделувајќи дарови според верата, како што кажуваше и апостолот Павле дека … Повеќе >>