Ликовите во „Црно семе“ од Георгиевски

Ликовите во романот Црно семе“ од Ташко Георгиевски се група Македонци и Грци, затвореници и нивните чувари на еден пуст остров во Егејското Море.
Главните ликови во романот се Доне и Христос.
Покрај нив, прикажани се и: Марко, соселанецот на Доне; грчките затвореници Нико и Парис; потпоручникот Маки и поручникот Скалумбакис.
.
Доне
.
Доне е главниот лик во романот. Тој е Македонец од воденските села, кој служел во грчката војска. Го затвараат заради неговата национална припадност, а го … Повеќе >>

Ташко Георгиевски

Ташко Георгиевски

(15 март 1935-13 април 2012)

Ташко Георгиевски е роден 1935 година во с. Крончилево, Воденско, Егејска Македонија, почина во Скопје, 2012 година.

Неговото творештво е целосно преокупирано со егејската тема, односно со прогонот и ужасната судбина на македонскиот народ од Егејска Македонија по Граѓанската војна во Грција.

Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“.

Ликовите во „Црнила“ од Чашуле

Ликовите во драмата „Црнила“

 

Темата на драмата „Црнила“ од Коле Чашуле е убиството, односно атентатот врз Ѓорче Петров од неговите сонародници, Македонци.

.

Луков
.
Луков има доминантно место во драмата. Тој знае сè за сите и на тој начин, со уцена, ги држи во раце. Неговата супериорност е несомнена. Од него сите се плашат и ги слушаат без приговор неговите наредби. Тој манипулира со сите и со целата ситуација.
Неговиот лажен патриотизам е најодвратен. Тој е … Повеќе >>

„Црнила“ од Коле Чашуле

Темата на драмата „Црнила“ од Коле Чашуле е убиството, атентатот врз Ѓорче Петров од неговите сонародници, Македонци.
.
Чашуле е нашиот прв автор кој собра храброст на ваков начин да проговори за македонските црнила.
Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров во кое видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто“.
.
Црнила“ е драма … Повеќе >>

Македонската литература по Втората светска војна

 

Македонската литература има свој специфичен развој поради петвековното османлиско владеење, Балканските војни, Светските војни, аспирациите на соседите и наметнувањето на нивниот јазик, немањето свој литературен јазик. Но, по Втората светска војна условите сосема се менуваат. Македонија добива своја држава, свој литературен јазик, своја самостојност. Така литературата доживува еруптивен развој и надокнадување на сето она што е пропуштено во минатото.

  1. Македонската литература има тенденција жанровски да се надополни, односно да се комплетира во оние видови и родови што
Повеќе >>