Гане Тодоровски

Избор песни од Гане Тодоровски

Гане Тодоровски на специфичен начин, на сосема свој јазик ја создава својата поезија. Дел од неа е урбана, современа, каде ја искажува својата загриженост за човековото секојдневие во светот во кој живееме.
Во продолжение се дадени избор од три песни на Гане Тодоровски: „Нашинска“; „Фуснота без повод“ и „Нерези“
НАШИНСКА

Да ни е да сме доста
колку да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине –

Да ни е да сме доволно
колку за да се

Повеќе >>
Матеја Матевски

Матеја Матевски (избор песни)

За животот на Матеја Матевски

Матеја Матевски
Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Прво работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио Скопје. Бил генерален директор на Радио-телевизија – Скопје.
Од 1956 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и одреден период ја вршел функцијата негов претседател. Матевски е член на МАНУ каде бил претседател во
Повеќе >>
Анте Поповски

Анте Поповски („Вардар“ и „Македонија“)

Проповедникот

на д-р Ѓорѓи Зафировски

Никогаш и никаде Тој не спомна нешто
што ние живите го поимаме како време,
и ете, во суштина, ние
се разликуваме од Проповедникот
не сакавме или пак не можевме
да сфатиме дека нам не ни одминува
времето туку –
животот.

За животот на Анте Поповски

Анте Поповски

Анте Поповски е поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. Завршил Медицински факултет во Скопје и како лекар работел во Дебар. Но,

Повеќе >>
пиреј

„ Пиреј “ од Петре М. Андреевски (раскажана)

„ Пиреј “ е првиот роман на Петре М. Андреевски.
Насловот на романот е симболичен, односно преку троскотната трева пиреј, авторот го прикажува својот непокорлив народ. Лазор Ночески (спореден лик од романот, народен мудрец) јасно нагласува:
Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не
Повеќе >>

„ Дениција “ од Петре М. Андреевски

Дениција

            Стихозбирката „ Дениција “ или циклусот песни за Дениција по многу нешта е различен и специфичен. Основниот мотив е љубовта кон жената – Дениција (име кое асоцира на ѕвездата Деница – на светлина, плодност, убавина), но и љубовта во други облици, а особено кон татковината. Освен тоа, во песните се измешани и фолклорни и митски мотиви. Начинот на искажувањето на љубовта е посебен, избегнати се сите стереотипи, сите клишеа, стиховите се слободни (бели) подредени во стофи или без строфи.
Повеќе >>