Матеја Матевски

Матеја Матевски (избор песни)

Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Прво работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио Скопје. Бил генерален директор на Радио-телевизија – Скопје.
Од 1956 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и одреден период ја вршел функцијата негов претседател. Матевски е член на МАНУ каде бил претседател во периодот 2001 – 2004 година.
Повеќе >>
Анте Поповски

Анте Поповски („Вардар“ и „Македонија“)

Проповедникот

на д-р Ѓорѓи Зафировски

Никогаш и никаде Тој не спомна нешто
што ние живите го поимаме како време,
и ете, во суштина, ние
се разликуваме од Проповедникот
не сакавме или пак не можевме
да сфатиме дека нам не ни одминува
времето туку –
животот.

Анте Поповски е поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. Завршил Медицински факултет во Скопје и како лекар работел во Дебар. Но, него повеќе го влечел пишаниот

Повеќе >>
пиреј

„ Пиреј “ од Петре М. Андреевски (раскажана)

„ Пиреј “ е првиот роман на Петре М. Андреевски.
Насловот на романот е симболичен, односно преку троскотната трева пиреј, авторот го прикажува својот непокорлив народ. Лазор Ночески (спореден лик од романот, народен мудрец) јасно нагласува:
Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не
Повеќе >>

„ Дениција “ од Петре М. Андреевски

            Стихозбирката „ Дениција “ или циклусот песни за Дениција по многу нешта е различен и специфичен. Основниот мотив е љубовта кон жената – Дениција (име кое асоцира на ѕвездата Деница – на светлина, плодност, убавина), но и љубовта во други облици, а особено кон татковината. Освен тоа, во песните се измешани и фолклорни и митски мотиви. Начинот на искажувањето на љубовта е посебен, избегнати се сите стереотипи, сите клишеа, стиховите се слободни (бели) подредени во стофи или без строфи.
            Читајќи
Повеќе >>
црно семе

„Црно семе“ од Ташко Георгиевски

„Црно семе“ од Ташко Георгиевски

 

Романите на Ташко Георгиевски се поврзани во една целина, опишувајќи ја судбината на Македонците од егејскиот дел.
Мотивот на прогонот, насилството и теророт е доминантен во романот Црно семе“.
Темата на романот е судбината на група Македонци, затвореници на еден пуст остров во Егејското Море.
Идејата е дека никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да го скршат човековото достоинство и да му го погазат чувството за национална припадност.
.
Времето на
Повеќе >>