големата вода

Живко Чинго „ Големата вода “

Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ. Добитник е на највисоките македонски и југословенски награди. Пишувал

Повеќе >>
Димитар Солев

Димитар Солев „Зима на слободата“

Димитар Солев е роден во Скопје на 24 мај 1930 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Македонската телевизија, уредник на списаниjата „Млада литература“ и „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ од 1956 година.

Солев е раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, критичар, преведувач.  Автор е на делата: Окопнети снегови (раскази, 1956), Под усвитеност (роман, 1957), По реката и спроти неа (раскази, 1960), Ограда (раскази, 1963),
Повеќе >>

Историјат на македонската драма

Македонската драма има богата традиција. Нејзините почетоци се во кусите дијалози на обредните игри од кои се развила народната драма.
Прва етапа – почетокот на 20 век
Први печатени драми се текстовите на Јордан Хаџи Константинов Џинот, дидактички театарски претстави изведувани од учениците во скопското училиште „Света Богородица“.
Малку подоцна, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, се појавуваат драмите на Војдан Чернодрински. Тоа се првите драми со уметничка вредност, сведоштво на опстојувањето на македонскиот народ за време
Повеќе >>
Коле Чашуле (1921-2009)

Коле Чашуле

Коле Чашуле (1921 – 2009)

Чашуле е роден во Прилеп. Таму завршил основно училиште и нижа гимназија, а виша гимназија завршил во Битола. Студирал медицина на Белградскиот универзитет и активно се вклучил во прогресивните движења (во СКОЈ), а учествувал и во многу штрајкови и демонстрации.

Се вклучил во партизанскиот прилепски одред, заради што подоцна бил затворен. Од затворот избегал 1944 година и почнал со објавување песни и раскази во партизанските весници.

По војната бил основач и уредник на поголем број

Повеќе >>
Томе Арсовски (1928 - 2007)

Томе Арсовски „Парадоксот на Диоген“

оме Арсовски е роден 1928 во Косовска Митровица, каде татко му бил на служба во поштата. Во Пеќ завршил основно училиште, а 1941 година се враќа во родното место на своите родители – Кавадарци. По ослободувањето тука завршува гимназија, а потоа Филозофски факултет, група Славистика, во Скопје.

Работел како хорист во Операта на Македонскиот народен театар, како новинар во весникот „Нова Македонија“, во драмската редакција на Македонската радио-телевизија.

Започнал со пишување поезија, збирката „Грст смеа“ (1958), а продолжил со драмско

Повеќе >>