Црноризец Храбар „О писменех“ (За буквите)

 

рноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна литература. Псевдонимот значи – калуѓер храбар. Се криел зад псевдоним заради засилената борба на грчкото свештенство против Словените и нивната желба за елинизација. Според податоците од неговиот текст „О писменех“ („За буквите“), дознаваме дека живеел во X век (уште се живи оние што ги виделе Кирил и Методиј), дека работел и творел во Охридската книжевна школа.

Некои слависти сметаат дека зад псевдонимот Црноризец Храбар се крие Наум Охридски. За жал, други податоци

Повеќе >>

О писменех (за буквите) – текстот

О писменех

Црноризец Храбар

Порано Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа, исто како и многубошците.
А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило. Но како може добро да се пишува со грчки букви: бог, или живот, или ѕелов или црков, или человек, или широта, или штедроти, или јуност, или јаду, или јазил или јад, и слични на овие? И така се
Повеќе >>

Матурски прашања за Климент Охридски (6. 2010)

Во јуни 2010 година, на државната матура, за Климент Охридски ја имаше следната задача:

Прочитај го внимателно извадокот и одговори на поставените прашања.

„ПОХВАЛА НА НАШИОТ БЛАЖЕН ТАТКО И УЧИТЕЛ СЛОВЕНСКИ СВЕТИ КИРИЛ“
од Климент Охридски

Еве ни светна христољупци светлозрачниот спомен на нашиот преблажен татко Ки рил, нов апостол и учител на сите земји, којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното божество, осветлувајќи го сиот свет.

Божјата премудрост си соѕида храм … Повеќе >>

Григор Прличев (1830/31-1893)

Григор Прличев – „Сердарот“

ригор Прличев (1830/31-1893) е роден во Охрид, во сиромашно семејство. Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз мајка му. Неговиот дедо го научил да чита уште на четиригодишна возраст од некој стар грчки буквар. Мајка му и сестра му аргатувале по куќи, а тој продавал јајца, им давал часови на богаташките деца и препишувал книги. Освен овие податоци, во својата „Автобиографија“ Прличев го опишува основното училиште и тогашните учители, како и доаѓањето на

Повеќе >>