Акцентот во македонскиот јазик

Акцентот е нагласено, посилно изговарање на еден слог во зборот.
Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.
  • Македонскиот акцент е динамичен и определен. Динамичен акцент значи дека се одликува со силата на издишната струја, а определен значи дека се наоѓа на точно определено место во зборот.
  • Местото на македонскиот акцент е на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и повеќесложните зборови.
            Правила за акцентирање
            (* Во примерите акцентираните слогови се обележани со цртичка над самогласката.)
            1. Повеќе >>

Отстапување од третосложното акцентирање

Отстапување од третосложното акцентирање имаме во неколку случаи.

Правилата за акцентирање во македонскиот јазик може да ги прочитате ТУКА.

Иако правилото за акцентирање е дека акцентот кај трисложните и повеќесложните зборови стои на третиот слог од крајот, сепак, има неколку отстапки:
  • Кај глаголскиот прилог акцентот стои на вториот слог од крајот на зборот.
На пример: читáјќи, седéјќи, одéјќи.
  • Кај прилошки употребените членувани именки (како прилози за време, кога? – ова лето – летóво).
Повеќе >>

Акцентски целости

Во нашиот јазик неколку зборови можат да се подведат под ист акцент.
Група зборови поврзани со заеднички акцент се нарекуваат акцентски целости.
Групата зборови всушност ја сфаќаме како еден збор и ја акцентираме според правилото: на третиот слог од крајот на зборот, односно на целината.
1. Акцентски целости со негацијата не
            а) Негацијата не и глаголот што следува се подведуваат под заеднички акцент.
        На пр.: нéU дојде, нéUкажа, нéПовеќе >>