Стилска вредност на зборовите

Кога заземаме позитивен или негативен однос кон лицата и предметите зборовите добиваат поинаква стилска вредност.
За изразување позитивен однос се употребуваат:
1. Деминутиви – зборови што означуваат нешто смалено или галовно. Најчести наставки за образување се: -е, – че, – уле и -енце (На пр.: носе, столче, прстуле, раченце).
2. Хипокористици – за изразување чувствен однос.
Понекогаш со деминутивно-хипокористичките наставки може да се изрази негативен, подбивачки однос (маже), како и неутрален однос (ушно тапанче).
За изразување негативен однос се образуваат:… Повеќе >>

Вежби лексикологија

Вежби лексикологија (лексички значења на зборовите, лексиката според потеклото, според сферата на употреба, според процесот на обновата, стилска вредност):

1. Напиши синоними за следните зборови:

мома, ружа, поаѓа, има, душман, ракоплеска

2. Како се викаат здебелените зборови во примерот:

Мојот син има 12 години.
Тој носи син шешир.

3. Употреби ги зборовите наградува и надградува во реченици.

Како се викаат овие зборови? _______________________________________

4. Употреби го зборот лак во реченици каде ќе го покажеш неговото различно значење.

Како се викаат … Повеќе >>