Морфологија е дел од науката за јазикот (лингвистиката).
Таа се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење.
Морфологијата се занимава само со надворешната форма на зборовите – нивната градба и поделбата во групи според граматичките својства.

Морфеми се делови од зборот со лексичко или граматичко значење. Зборовите имаат коренски и афиксални морфеми (афикси).

Разликуваме повеќе видови афикси.

А. изведбени (зборообразувачки) морфеми:
а) префикс (претставка) – влегува во составот на основата и се наоѓа пред коренот;
б) суфикс (наставка) – се наоѓа зад коренот, а пред флексијата;
в) интерфикс – се наоѓа меѓу две коренски морфеми.

Б. граматичка (формообразувачка) морфема:
г) флексија – се наоѓа на крајот од формата на зборот (ја означува промена на род, број, лице, вид итн.)

Глаголот СУМ

Употреба на глаголот сум

Глаголот сум има три функции во македонскиот јазик.

Тој се употребува при градбата на сложените глаголски форми, може да биде дел на именскиот прирок (глагол врска) и може да се употреби самостојно.

На пример:

  1. Ја сум учел германски. Јас бев учел германски.
  2. Ти си ученик. Ти беше ученик.
  3. Тој е дома. Тој беше дома.

Во првиот пример, сум е употребено како помошен глагол, образувајќи ги формите на минато неопределено и предминато време.

Во вториот пример, … Повеќе >>

Минато-идно време

Минато-идно време е сложена глаголска форма. Со него се означува дејство кое е идно во однос на некој друг минат момент. Во однос на сегашниот момент, тоа означува минатост.

Се образува со честичката ќе и минато определено несвршено време од глаголот.

ќе + глагол во минато определено несвршено време

На пример:

Иако од свршени глаголи не се образува минато определено несвршено време, сепак таквите форми се употребуваат при градбата на минато-идно време. Значи, ова време може да се направи … Повеќе >>

Идно прекажано време

Идно прекажано време е сложена глаголска форма. Со него се искажува идно или минато-идно дејство кое сами не можеме да го посведочиме.

Се образува со честичката ќе и минато неопределено време од глаголот.

На пример:

  • Ова време се образува и од несвршени и од свршени глаголи.
  • Во формата за трето лице се испушта помошниот глагол сум.
  • Кај оние глаголи што имаат две л-форми, се зема несвршената форма.
  • Одречната форма се образува со негацијата не пред целата глаголска форма: не
Повеќе >>

Идно време

Идно време е сложена глаголска форма. Со него се означува дејство кое се врши или извршува по моментот на зборувањето. Идноста не мора да се однесува само на моментот на зборувањето, туку и на идност по некој минат момент.

На пример:

Утре ќе одам на Водно.

Минатата недела ти кажав дека ќе одам на Водно.

Идно време може да се образува и од несвршени и од свршени глаголи. Се образува од честичката ќе и сегашно време од глаголот.

ќе Повеќе >>

Предминато време (плусквамперфект)

Предминато време е сложена глаголска форма. Со него се искажува дејство што се извршило пред некое друго минато дејство.
Се образува од минато определено несвршено време од сум (бев) и глаголската л-форма.

бев + л-форма

На пример, со глагол од а-група:

Со глагол од и-група

Со глагол од е-група

 

Значењето на предминато време

 

Значењето на ова време е означување дејство што се случило пред друго минато дејство.

Употребата на предминатото време е многу ограничена во современиот … Повеќе >>