Сложени глаголски форми

Сложени глаголски форми претставуваат состав од помошен глагол (или друг помошен збор) и глаголот што се менува. Помошната глаголска форма секогаш оди пред глаголот што се менува, не мора непосредно, но му претходи.

А. Сложени форми со сум

Минато неопределено време

Минато неопределено време означува дејство кое е вршено или завршено во минатото, без притоа да се побудува претстава за одреден момент кога се одвивало.
Формите на минато неопределено време служат за директно кажување или за прекажување на минати глаголски

Повеќе >>

Прилози

Прилози се неменливи зборови што ги дополнуваат првенствено глаголите по место, време, начин и количество.
Освен глаголите, тие можат да дополнуваат и придавки, именки и други прилози.
Според значењето прилозите се делат на:

1. Прилози за место : каде, близу, далеку, овде, таму, онде, горе, долу, натаму, наваму, напред, назад, лево, десно, налево, тука, некаде, никаде, дома, озгора, оздола итн.

2. Прилози за време : кога, вечер, утре, лани, денес, доцна, рано, тогаш, некогаш, никогаш, сега, одамна, некни, после, зимоска,

Повеќе >>

Предлози

Предлози се неменливи, службени зборови кои покажуваат однос меѓу именските зборови во реченицата или однос меѓу глаголското дејство и додатоците.

На пр.: Книгата е на масата. (именски зборови)

Стојам до ѕидот. (глаголот и додатокот)

Предлозите најчесто имаат пространствено значење.

 

Предлози во македонскиот јазик се:

Без- немање на нешто (Што си дошол без тетратка?);

Во; в- наоѓање внатре во некоја средина или упатеност кон некоја средина;

– временско значење (в недела во пет);

– … Повеќе >>

Сврзници

Сврзници се неменливи зборови кои поврзуваат други зборови или цели реченици во составот на сложената реченица.
На пр.: Јас и ти ќе одиме кај него. (зборови)
Тие отидоа и по пет минути се вратија. (реченици)

1. Сврзниците според составот се делат на:

а) прости – составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн.
б) сложени – составени од два или повеќе збора : за да, макар што, поради тоа што итн.

2. Според тоа какви реченици … Повеќе >>

Честици

Честици се неменливи зборови што се придаваат на други зборови за да ги засилат или изменат во нивното значење или значењето на целата реченица.

1. Со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто;
2. За потврдување: да;
3. За негирање: не, ни ниту;
4. Со прашално значење: зар, ли, дали;
5. За изделување: само, единствено;
6. Со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно;
7. Со начинско: би, да, нека, ќе;
8. Со придружно: исто така, уште, притоа;… Повеќе >>