Комуникација, видови комуникација (симболичка, гласовна, посредна, еднонасочна, вербална)

Јазикот е систем од знаци, а комуникацијата претставува размена на знаци. Иако може упростено да се комуницира и без употреба на јазик, сепак некакви знаци мораме да размениме.

Комуникација (општење) е размена на знаци; меѓусебно дејствување со знаци.

Видови комуникација

Во зависност од тоа дали се употребуваат симболи или сигнали, дали се употребува говорот или други знаци, дали директно се обраќаме или користиме технички помагала при општењето итн. разликуваме:

1. Симболичка и сигнална комуникација

Кога восприемаме знаци кои не
Повеќе >>

Јазикот како систем од знаци и средство за комуникација

Јазикот како систем од знаци
Човечкиот јазик е најсложен систем од знаци.
Јазикот е составен од многу делови, а сите тие се знаци. Гласовите, буквите, зборовите, речениците се знаци. Граматиката е систем од знаци.
Замислете си што се треба да знаете за да составите една реченица. Пред сè треба да научите правилно да ги артикулирате гласовите. Потоа треба да научите правилно да ги артикулирате зборовите и да го знаете нивното значење, односно да ги поврзувате со предметите и појавите
Повеќе >>

Знак (симболи и сигнали)

Човекот е опкружен со безброј различни знаци.
Уште кога ќе се роди, бебето дава знаци. Кога тоа плаче значи дека не е задоволно, односно дека е гладно, водено, му се спие итн. Мајката ги разбира знаците и му помага на своето чедо. Во овој пример плачењето е нешто што укажува на нешто друго.
Научникот Пјер Гиро знакот го дефинира како сетилен поттик чијашто ментална слика се врзува за друг сетилен поттик кој треба да оживее во општењето (комуникацијата). Или, кажано
Повеќе >>

Национален (општонароден) јазик; дијалектен и литературен јазик

Национален јазик
Национален јазик е јазикот што го говори една организирана група луѓе (народ, нација). Овој јазик е природен и се формирал долг временски период. Јазикот се јавува спонтано од потребата луѓето да ги разменат своите мисли и чувства. Секоја организирана заедница создава свои знаци и развива свој специфичен јазичен систем.
На пример, зборот „не“ во македонскиот јазик е негација, во грчкиот јазик е потврдна честица, а во албанскиот е заменка за 1.л.множина. Секоја од овие заедници постигнале различен договор
Повеќе >>

Функциите на јазикот

 Функциите на јазикот може да бидат : референцијална, емотивна, конативна, фатичка, метајазична, поетска.
За да ги определиме компонентите на една комуникација, треба да одговориме на следните прашања:
1. За што служи јазикот?
2. Кој учествува во комуникацијата?
3. Што треба да знаат учесниците во комуникацијата?
4. Што е поентата на секоја комуникација, што сакаме да пренесеме, испратиме?
5. Низ што се одвива комуникацијата?
Кога ќе ги одговориме овие прашања, доаѓаме до заклучок од што сè се состои комуникацијата.
(одговори)