Правопис и правоговор

Правопис претставува правилна употреба на графичките знаци.

Правописот е збир од правила и законитости за пишување на зборовите, односно за пренесување на кажаното по писмен пат според општоприфатените правила.

Правописот на даден јазик го следи развојот на јазикот во сите сфери на употреба и како резултат на тоа, доживува измени.

Првиот Правопис на македонскиот литературен јазик е отпечатен 1945 година во издание на Државното книгоиздателство на НР Македонија. Со неговото издавање започнува унифицирањето на македонскиот стандарден јазик.

Заради потребата од … Повеќе >>

Употреба на голема буква

 

Со голема буква се пишуваат:
1. Почетниот збор на реченицата.
             
На пр.: Денес имав среќа.
  
2. Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите.
             
На пр.: Моето име е Билјана Богданоска, а моето куче се вика Арни.
3. Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин.
             
На пр.: Вчера го видов Игоровиот пријател Зоран.
На Милкиниот прозорец има најмногу цвеќиња.
4. Географските и топографските имиња. Ако се составени Повеќе >>

Пишување на А

При пишувањето на самогласката А најчесто се колебаме кај неколку примери. Кај нив се дозволени двете варијанти:

тенок – тенка, освен вака може да го напишеме (и изговориме) танок – танка;

ветер – ветерот, може и: ветар – ветрот;

огин – огинот, може и: оган – огнот.

Исто така, множината од зајак е зајаци (не: зајци), а деминутивната форма е зајаче (не: зајче).

 

Правила за пишување на А

 

1. Според правописот, самогласката а се пишува во оние зборови … Повеќе >>

Пишување на Е, О, У

Честите примери на двоумење при пишувањето на самогласките е, о, у, се:

лакот, нокот (не: лакт, нокт)

отсутен (не: отсатен)

присутен (не: присатен)

всушност (не: всашност)

збогум, молкум (не: збогом, молком)

долу (не: доле)

пумпа (не: помпа) – за испумпување течности

ваму (не: вамо)

околу (не: окулу)

 

 

1. Самогласката Е се пишува во зборовите:

Еден, единаесет, еребица, занает, штавеј, заем, наем, заемно (не: взаемно), орев (мн. ореви), трева;

цеди, цел, жеден, жетвар, џеб, шепоти;

четиво, но: чита, читанка, … Повеќе >>

Пишување на удвоените самогласки

При пишување на удвоените самогласки или самогласките во непосреден допир најчесто се греши кај заменските придавки со посвојно значење, кај лично-предметните и показните заменки, односно при образувањето на нивната множина.

Се пишува:

едн. мој – мн. мои (моите);

едн. твој – мн. твои (твоите);

едн. свој – мн. свои (своите);

едн. кој – мн. кои; едн. некој – мн. некои; едн. никој – мн. никои; едн. секој – мн. секои.

 

 

а) Кога во зборот ќе се најдат две … Повеќе >>