Ѕвездичка (*)

Ѕвездичка (*) е правописен знак. Таа може да стои од левата или од десната страна на зборот или на текстот.

  • кога треба да објасниме некој збор, тврдење, став и др. ѕвездичката стои од десната страна над зборот. Објаснувањето се пишува во фуснота.

На пример:

На гредите во овој дел од куќата се фрлени разни алати: рала, јареми*, косила, дршки за мотики, лопати, казми**, и ред други дрвени остени***, ластегарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.… Повеќе >>

Коса црта (/)

Коса црта (/) е правописен знак. Се пишува со или без белина од двете страни.

 

Коса црта со белини од двете страни се пишува:

 

  • при одделување стихови кога не се подредени еден под друг;

На пример:

Се к’ти ноќта црна! / Се рути карпа — мрак! / И петли в село пеат / и зората се зори — / над карпа в крв се мие / и темнината пие / силно / светнал / ден!

  • при одделување строфи
Повеќе >>

Три точки (…)

Три точки (…) се интерпункциски знак.

Три точки се пишуваат:

  • на крајот на незавршен исказ или во средината на реченицата ако се јавува прекин. Пред нив нема белина (празно место), односно се пишуваат веднаш зад последниот збор, а по нив има белина.

На пример:

Не знае дека тука тешко се живее, не знае дека нема за леб, не знае… Ќе дојде, па ќе види.

Сите ќе слушнат за мојата радост… за успехот на мојот син.

  • во незавршен исказ од прашални
Повеќе >>

Полунаводници (‘’)

Полунаводници (‘’) се интерпункциски знак.

Полунаводници употребуваме:
  • кога текстот е даден во наводници и ако сакаме да изделиме некој збор или дел од текстот што е цитиран или искажан од друг;

На пример:

Кога слушна што зборувале, Никола избувна: „Не можам да се оптоварувам со тоа дека сум им кажал или не сум им кажал ‘добро утро, добар ден’. Здодевни се веќе со нивното лицемерие!“

  • кога толкуваме значење на некој збор.

На пример:

Тоа се учи во синтаксата ‘науката за … Повеќе >>

Цртичка (-)

Цртичка (-) е правописен знак. Секогаш се пишува без белини од двете страни.
Цртичка се пишува:
  • меѓу именки што означуваат еден поим, а деловите го чуваат своето самостојно значење;
На пример: предлог-закон, жиро-сметка, охридско-преспански, три-четири итн.
  • помеѓу двојни презимиња и презиме и прекар;

На пример: Марија Матовска-Стојановска; Јордан Хаџи Константинов-Џинот.

  • кога првиот дел од зборот е напишан со бројка;

На пример: Неопходно е 4-годишно стручно образование.

  • кај некои скратувања и скратени изрази;

На пример: д-р, м-р, г-ѓа.

  • при пренесувањето на
Повеќе >>