Синтакса – вовед (именска група, реченица, сложена реченица, врзан текст)

Зборот синтакса значи „редење, распоред на зборовите“.

Синтакса е дел од науката за јазикот која се занимава со јазично точниот редослед на зборовите во реченицата.
Таа ги разгледува законите по кои зборовите се врзуваат во реченица и по кои се гради проста или сложена реченица.
Реченицата е централна синтаксичка единица.
Помала од реченицата е групата (синтагма или фраза), поголема е сложената реченица, а сите тие поврзани во смисловна целина сочинуваат врзан текст.
  1. Именската група
Повеќе >>

Реченица

Реченица е синтаксичка единица организирана според правилата на јазикот која има еден прирошки показател (личноглаголска форма). Односно, реченицата содржи еден прирок, а зборовите во неа се подредени според синтаксичката шема на јазикот (во точен редослед).
На пр.: Ја сунѓер со таблата сув Дамјан брише.
Во примерот имаме неколку зборови, имаме и прирок – брише, но зборовите не се подредени така за да може да ја сфатиме смислата. Тие се во неправилен редослед и не Повеќе >>

Граматичка структура на реченицата (реченични членови)

Реченицата има своја граматичка структура. Таа е составена од членови, и тоа:
  1. Главни – подмет и прирок;
  2. Неопходни – предмет (директен, индиректен, предлошки), Додатоци на прирокот (за место, време, количество, цел, намера итн.);
  3. Второстепени (не се неопходни) – атрибут и апзиција (додатоци на именските зборови).
Основен член на реченицата е прирокот. Без прирок (личноглаголска форма) нема реченица.
Но, прирокот, самиот не ја сочинува целата реченица. Ретко имаме примери кога тој стои самостојно без другите Повеќе >>

Безлични реченици

Безлични се оние реченици кај кои прирокот не отвара место за подмет. Тој може да се поврзува со другите реченични членови (на пр. со предметот) – но не со подметот.
Разликуваме:
1. Безлични реченици со глаголски прирок.
На пр.: Грми. Студи. Врне.
Кај некои од овие реченици дејството може да се поврзе со лице, па тогаш употребуваме и кратка заменска форма.
На пр.: Ми студи.
Безлични реченици може да се образуваат и со глаголи Повеќе >>

Прирок (глаголски; глаголско-именски)

Прирок е главниот, но и основен член на реченицата. Штом имаме прирок, имаме и реченица (или, без прирок, нема реченица).
Прирокот може да биде глаголски и глаголско-именски.
  1. Глаголски прирок
Глаголскиот прирок содржи глагол во лична форма. Тој може да биде прост и сложен.
А) Прост глаголски прирок
а) Прост глаголски прирок е кога прирокот е претставен преку глагол кој е во сегашно време, минато определено несвршено, минато определено свршено време и кај заповедниот начин. Повеќе >>