Безлични реченици

Безлични се оние реченици кај кои прирокот не отвара место за подмет. Тој може да се поврзува со другите реченични членови (на пр. со предметот) – но не со подметот.
Разликуваме:
1. Безлични реченици со глаголски прирок.
На пр.: Грми. Студи. Врне.
Кај некои од овие реченици дејството може да се поврзе со лице, па тогаш употребуваме и кратка заменска форма.
На пр.: Ми студи.
Безлични реченици може да се образуваат и со глаголи Повеќе >>

Прирок (глаголски; глаголско-именски)

Прирок е главниот, но и основен член на реченицата. Штом имаме прирок, имаме и реченица (или, без прирок, нема реченица).
Прирокот може да биде глаголски и глаголско-именски.
  1. Глаголски прирок
Глаголскиот прирок содржи глагол во лична форма. Тој може да биде прост и сложен.
А) Прост глаголски прирок
а) Прост глаголски прирок е кога прирокот е претставен преку глагол кој е во сегашно време, минато определено несвршено, минато определено свршено време и кај заповедниот начин. Повеќе >>

Подмет

Втор главен реченичен член е подмет.
Прирокот секогаш оди со подметот, односно во секоја проста реченица освен прирок има и подмет. Тој не мора да биде изразен во реченицата, но го откриваме во формата на глаголот или од контекстот.
Најлесно подметот го откриваме со прашањето: КОЈ?
Подметот може да биде:
  1. вршител на дејство; пр.: Марија чита.
  1. предизвикувач на дејството; пр.: Бомбата ја разурна куќата.
  1. носител на психофизичка особина; пр.: Марија почувствува страв.
  1. носител на
Повеќе >>

Согласување меѓу подметот и прирокот

Согласување е приспособување меѓу зборовите во реченицата. Подметот и прирокот се согласуваат по род, број и лице.
  1. Согласување по лице.
Прирокот се јавува во она лице што му одговара на лицето на подметот.
Пр.: Седам на час.
  1. Согласување по род има кога прирокот содржи л-форма.
Пр.: Седел на час. (тој)
Проблем со согласувањето по род има кај именките како: директор, министер, амбасадор, адвокат и сл. Ако лицето е од женски пол, неправилно ќе биде Повеќе >>

Прашања и вежби синтакса 1 (подмет и прирок)

 

  1. Што е синтакса?
  2. Која е основна синтаксичка единица?
  3. Кои се другите синтаксички единици?
  4. Што е реченица?
  5. Кои се карактеристиките на реченицата?
  6. Што е именска група?
  7. Што е сложена реченица?
  8. Што е врзан текст?
  9. Кои се главни реченични членови?
  10. Кои се неопходни реченични членови?
  11. Кои се второстепени реченични членови?
  12. Што е прирок?
  13. Какви видови прироци има?
  14. Што е прост глаголски прирок?
  15. Што е сложен глаголски прирок?
  16. Што е глаголско-именски прирок?
  17. Што е подмет?
  18. Во
Повеќе >>