Активна и пасивна реченица

Дали имаме активна или пасивна реченица зависи од улогата на подметот. Ако подметот е вршител на дејството – реченицата е активна, а ако е трпител – реченицата е пасивна.
На пр.: Нашето училиште ја освои првата награда. – активна реченица.
(Нашето училиште – подмет – КОЈ ја освои првата награда?;
првата награда – предмет – ШТО освои нашето училиште?).
Истата мисла може да ја искажеме и на поинаков начин – пасивно, односно:
На пр.: Повеќе >>

Модалност на реченицата (расказни, извични, желбени, заповедни, прашални)

Со речениците се искажува ставот на говорителот. Тој може само да соопшти нешто, да праша, да изрази желба, потреба, наредба, и сите тие потоа да ги негира (потврдни и одречни). Модалност на реченицата  е видот на реченицата зависно од изразениот став.
Разликуваме:
  1. Расказни реченици – соопштуваат за нешто, за настани во минатото, сегашноста или иднината. Кај овие реченици, при пишувањето на крајот ставаме точка, а при говорењето започнуваме ниско, ја поткреваме интонацијата и потоа
Повеќе >>

Реченични еквиваленти (соодветници)

 

Реченицата ја дефинираме како основна синтаксичка единица која мора да има прирок, односно глагол во лична форма. Но, во текстовите среќаваме и такви делови кои стојат самостојно, а не содржат глагол во лична форма и тогаш станува збор за реченични еквиваленти (соодветници).
Вакви реченични еквиваленти се среќаваат во случаите:
         кога се употребуваат именки или именски групи за непосредно обраќање; на пр.: Почитуван претседателе!; Ученици!; Дами и господа!
         кога се употребуваат извици; Повеќе >>

Негација

Негација значи негирање, одрекување.
Сите видови реченици може да ги негираме. 
Одрекуваме кога некое дејство не се извршило, не се врши или нема да се врши.
Негираме со:
  1. честичките: не, ни и ниту;
  2. одречните заменки, заменски придавки и прилози: никој, ништо, ничиј, никаков, никаде, никогаш, никако;
  3. со некои префикси: не- (непријател); без- (безмилосен); како и некои префикси прифатени од туѓите јазици: а- (анемичен); де- (деконцентрира).
Разликуваме неколку видови негација:
  1. Во зависност од бројот на
Повеќе >>

Предмет (директен, индиректен, удвоен, предлошки)

1. Директен предмет е именски член во реченицата врз кој преминува дејството на прирокот, тој е трпителот, подносителот на дејството. Се наоѓа со прашањата: што? и кого?
            Предметот најчесто е именка или долга заменска форма.
            На пр.: Тој игра кошарка. (што игра? – кошарка – директен предмет).
            Удвојувањето на предметот (директниот и индиректниот) е карактеристичен за македонскиот јазик и многу често се употребува.
            Удвоен директен предмет значи дека сме употребиле покрај предметот … Повеќе >>