Прашања и вежби синтакса 2 (предмет)

Прашања:
1.      Што се безлични реченици?
2.      Од што зависи дали реченицата е активна или пасивна?
3.      Каква е улогата на подметот во пасивната реченица?
4.      Какви се речениците според нивната модалност?
5.      Какви видови прашања разликуваме?
6.      Што е негација?
7.      Какви видови негација разликуваме?
8.      Каков реченичен член е предметот?
9.      Какви видови предмет разликуваме и со кои прашања ги наоѓаме?
10.  Што значи тоа – удвоен предмет?

Вежби :
11.  Во следните реченици определи го: подметот, прирокот, Повеќе >>

Прилошки определби (додатоци на прирокот за место, време, начин…)

Прилошки определби се додатоци на прирокот за околностите во кои или под кои се врши (се вршело, ќе се врши) дејството. Се даваат податоци за тоа: кога, каде, како, колку, зошто, со каква цел, под кој услов се врши дејството.
Како прилошки определби најчесто се јавуваат:
         прилозите, на кои ова им е основна функција;
         именките или цели именски групи со предлози;
         глаголскиот прилог.
Разликуваме повеќе прилошки определби:
  1. Прилошка определба за
Повеќе >>

Атрибут и апозиција (второстепени реченични членови)

Второстепени реченични членови се оние кои не доведуваат до промена на структурата на реченицата, ниту пак ја менуваат информацијата, туку нивното отсуство само ја осиромашува. Тоа се: атрибут и апозиција.
Атрибут
Атрибутот ја определува именката во реченицата од гледна точка на некоја особина. Атрибутот може да стои до било која именка (и до подметот и до предметот).
На пр.: Вредната Марија чита убава книга.
Како атрибут може да се јават придавките и Повеќе >>

Прашања и вежби за прилошки определби, атрибут и апозиција

  1. Што определуваат прилошките определби (додатоците на прирокот)?
  2. Наброј неколку прилошки определби!
  3. Какви реченични членови се атрибутот и апозицијата?
  4. Што е атрибут?
  5. Што е апозиција?
  6. Што се реченични еквиваленти (соодветници)?
  7. Направи синтаксичка анализа на следниве реченици:
         Легната на креветот жената продолжуваше да мисли на мртовецот.
         Во ковчегот изнајде еден огромен стар чадор.
         Коските од неговите раце беа обвиткани со светла оптегната кожа со црвени дамки.
         На плоштадот повторно зароси.
         Се обиде да се потпре со рацете.Повеќе >>

Независносложени реченици

Сложената реченица е синтаксичка единица која содржи најмалку два прирока. Одделните реченици во рамките на сложената реченица се викаат дел-реченици.
Дел-речениците можат да бидат во независен однос или едната да зависи од другата, па затоа разликуваме: независносложени и зависносложени реченици.
Сложените реченици најлесно се распознаваат според сврзниците и сврзувачките зборови.
A. НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ
1. Составни   реченици
Сврзници: И; НИ; НИТУ; ПА; ТА; НЕ САМО ШТО – ТУКУ И
Составните реченици најчесто соопштуваат напоредни дејствија, онакви
Повеќе >>