Зависносложени реченици

Зависносложени реченици се оние кај кои има најмалку една главна и една зависна дел-реченица. Сврзникот секогаш е кај зависната дел-реченица.
Разликуваме повеќе видови зависносложени реченици:
1. Временски реченици
Сврзници: КОГА, ШТОМ, ШТОТУКУ, ТУКУШТО, ОТКАКО, ОТКОГА, ПРЕД ДА, ДУРИ, ДОДЕКА
Кај временските реченици, зависната дел-реченица го дава времето кога се врши дејството во главната.
Пр.:
Кога зборува, сите го слушаат.
Откако се облече, излезе.
Ќе заврши часот додека се смирите.
* Според правописот, ако на прво место е зависната реченица таа
Повеќе >>

Редот на дел-речениците во сложената реченица

Редот на дел-речениците кај зависносложените реченици може да биде:
1. Нормален – кога прво стои главната, па зависната реченица.
Такви се: причинските, последичните, целните, начинските, односните и исказните.
На пр.: Не напишав домашна бидејќи заборавив. (причинска);
            Тој дење работи толку многу што навечер веднаш заспива. (последична);
            Тој дојде да ме види. (целна);
            Трчаше кон него како да очекуваше подарок. (начинска);
            Жената што влезе во собата беше мајка ми. (односна -вметната);
            Тој рече дека ќе се врати. (исказна).
2. Слободен –
Повеќе >>

Вежби за сложени реченици

Вежби :
1. Следните реченици подели ги на дел-речници, определи го видот според употребените сврзници:
а) Денес ќе одам кај неа, а утре ќе дојдам кај тебе.
б) Кога заврна, на улиците немаше веќе луѓе.
в) Тој има толку чевли што нови не му се потребни.
г) Ако останеш, ќе направиме вечера.
д) Часот што не го одржавме ќе го одржиме утре.
ѓ) Бевме кај Зоки и јадевме компирчиња.
е) Застани да ти кажам нешто.
ж) Му кажав дека ми
Повеќе >>

Заедничкото кај одделни видови зависносложени реченици

Многу често една иста содржина можеме да ја оформиме на различни начини. Заедничкото кај одделни видови зависносложени реченици најлесно може да се илустрира ако од две прости реченици направиме сложена, односно повеќе сложени.
            На пр.:
            Денес е топло. Ќе одиме во парк.
            1. Денес е топло и ќе одиме во парк.                      – составна реченица;
            2. Денес е топло, значи ќе одиме во парк.             – заклучна;
            3. Бидејќи денес е топло, ќе одиме во парк.          – причинска;
            4. Денес е топло,
Повеќе >>