Стилистика (функционални стилови)

Стилистика е наука за стилот на говорење и пишување, односно за начинот на изразување на мислите, чувствата и впечатоците.

Разликуваме два вида стилистика:
1. Литературна (за стилските фигури, тропи);
2. Лингвостилистика, во која спаѓаат и функционалните стилови.

Функционалните стилови ги употребуваме во зависност од тоа каде, со кого и за што зборуваме или пишуваме. На пример, различен стил на зборување ќе употребиме при комуникација со пријателите, со наставниците и претпоставените, со некој кој има повисоко или пониско

Повеќе >>

Научен стил

Hаучниот стил ги покрива областите на науката и техниката, образованието и просветувањето. Може да биде во усна и писмена форма, но карактеристична е објективноста на изложувањето, постапноста, логичноста и прецизноста.
Јазичниот израз кај научниот стил е строго специјалистички за определена област со претходно осмислен исказ, се употребува литературен јазик со монолошки карактер.

Во научниот стил разликуваме три потстила:

1. Строго научен стил – се употребува во текстови што ги пишуваат специјалисти наменети

Повеќе >>

Публицистички стил

Публицистички е оној стил што ги покрива сите области од општествено – политичкиот живот: политика, економија, наука, образование, култура, спорт, секојдневен живот (она што го има во весник и на вести).
            Овој стил го употребуваат новинарите во весниците, списанијата, на радио и телевизија. Значи, има писмена и усна форма.
            Јазикот кој се употребува е литературен, а стилот стегнат, со кратки и јасни реченици.
            Овој стил има две функции: информативна и пропагандна. Со овие функции
Повеќе >>

Административен стил

Административен стил уште се вика и деловен и се употребува при официјално-деловното комуницирање меѓу државите, институциите во една држава, во рамките на институциите и меѓу граѓаните и државата. И тука се разликуваат три потстила:
            1. Дипломатски – се употребува во меѓудржавното комуницирање преку договори, спогодби, ултиматуми, ноти, декларации итн.
            Специфични термини за овој стил се: акредитив, коминике, гест на добра волја, тркалезна маса итн.
            2. Законодавно – правен – се употребува во комуникацијата меѓу
Повеќе >>

Уметничко-литературен стил

Уметничко-литературниот стил се однесува на уметноста, односно на сферата на естетското комуницирање меѓу луѓето.
            Овој стил се карактеризира со сликовотост и изразност кои ја активираат фантазијата што се постигнува со широка употреба на стилски фигури.
            Јазикот на уметничката литература е поширок од литературниот бидејќи
се употребуваат и дијалектизми, архаизми, историзми, неологизми итн.
Повеќе >>