Фразеологија, фразеологизми

Фразелогија е дел од лексикологијата, односно нејзина поддисциплина. Таа се занимава со проучување на фразеологизмите – зацврстените зборовни состави, нивната употреба и изразни можности.
Зборовите во процесот на зборувањето се соединуваат еден со друг и образуваат зборовни состави – синтагми. Тоа се најпрости синтаксички единици составени од два или повеќе збора.
Има два вида зборовни состави:
1. слободни, и
2. неслободни.
Слободните зборовни состави ги создаваме во процесот на зборувањето. На пр.: малото дете, моето дете, умното дете,

Повеќе >>

Поделба на фразеологизмите

Фразеологизмите како зацврстени зборовни состави имаат свои карактеристики и поделба.
Основни карактеристики на фразеологизмите се:
1. Компонентен состав
Фразеологизмите се составени најмалку од два збора (компоненти).
2. Метафоричност
Значењето на фразеологизмите е метафорично, односно преносно.
3. Постојаност на формата
Формата на фразеологизмите е секогаш иста, не се менува. Целиот израз, непроменет го вклучуваме во реченицата.
4. Впечатливост (експресивност)
Фразеологизмите ги употребуваме кога сакаме повпечатливо да се изразиме.
На пр.: Земи колку што ти душа сака.
Повеќе >>

Фразеологија (вежби)

Фразеологија е лингвистичка дисциплина, дел од лексикологијата, што се занимава со зацврстените, неделивите зборовни состави кои се користат како готови јазични единици.

            Вежби

1. Фразеологија е наука за:
а) слободните зборовни состави;
б) логичните зборовни состави;
в) зборовните состави како синтаксички единици;
г) лексички неделивите зборовни состави.

2.  Фразеологизми се:

а) слободни зборовни состави;
б) логични зборовни состави;
в) зборовни состави како синтаксички единици;
г) лексички неделиви зборовни состави.
3. Фразеологизмите каде зборовите од составот добиваат сосема ново значење
Повеќе >>

Лексикологија – вовед

Лексикологија е дел од лингвистиката што го проучува составот на зборовите на еден јазик. Таа се дели на повеќе поддисциплини:

1. Семантика (за значењето);
2. Етимологија (за потеклото);
3. Лексикографија (за речниците);
4. Фразеологија (наука за постојани зборовни состави – фразеологизми).

ЗБОРОТ има своја форма и содржина, што значи своја граматичка и своја лексичка страна. Лексикологијата се занимава со лексичката, односно содржинската страна на зборот.
Да го земеме за пример зборот м а с а. Според формата, тој збор е

Повеќе >>