Поделба на гласовите (самогласки и согласки)

Основна поделба на гласовите е на:
самогласки (вокали) и согласки (консонанти).

Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат поголема звучност. Во македонскиот јазик самогласки се: а, е, и, о, у.
Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот. Покрај нив во слогот може да има повеќе согласки, но тие може и самостојно да градат слог.
На пр.: збо – ро – ви
мост
пе –
Повеќе >>

Гласовни промени – едначење по звучност

Едначење по звучност

Една од најкарактеристичните појави во нашиот јазик е гласовната промена едначење по звучност. Таа се случува при допир на две согласки со различна звучност. Кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга различни по звучност тие се изедначуваат — или двете стануваат звучни или двете безвучни. Тоа зависи од звучноста на втората согласка.

звучна + безвучна = две безвучни

б + безвучна = п, г + безвучна = к, д + безвучна = т,

Повеќе >>

Редување (замена) на гласовите

Појавата кога некои гласови се заменуваат со други се вика редување. Тоа е вообичаено со некои согласки.

* Во в преминуваат (со в се заменуваат) некои гласови:
мес-о : мев-це;
трош-ка : тров-че; глуш-ец : глув-че;
шамиј-а : шамив-че; кутиј-а :кутив-че.

* Кај некои зборови чијшто корен завршува на к, создаваат низи:
к : ч : ц : ш
јунак – јуначе (јуначки) – јунаци – јунаштво;
рака – раче – раце;
конак – коначе (коначки) – конаци – конаштво;

Повеќе >>

Обезвучување на гласовите на крајот од зборот

Обезвучување на гласовите на крајот од зборот е гласовна промена каде звучните согласки на крајот од зборот се изговараат безвучно (но, се пишуваат звучните).
На пр.: се пишува: леб, град, мраз, роб, грав, прав, млад (а се слуша: леп, грат, мрас, роп, граф, праф, млат)

(За да знаете како да го напишете, ако се двоумите, членувајте го зборот: леб – лебот, град – градот; тогаш јасно се слуша звучната согласка.)

Повеќе >>

Испуштање (елизија) на гласовите – (+вежби од фонетика)

Една од гласовните промени во македонскиот јазик е испуштање или елизија на гласовите.
Во македонскиот јазик како непостојани самогласки кои се испуштаат се јавуваат е, о и а. Во некои наставки и суфикси тие самогласки се губат. Најчесто тоа се случува во множинските форми на зборовите поради олеснување на изговорот.

е



Самогласката „е“ се испушта во множината на именките што во еднина завршуваат на: -ел; -ец; -ен; -тер

На пр.: петел – петли; прозорец – прозорци; магистер – магистри; ражен Повеќе >>