Поделба на фразеологизмите

Фразеологизмите како зацврстени зборовни состави имаат свои карактеристики и поделба.
Основни карактеристики на фразеологизмите се:
1. Компонентен состав
Фразеологизмите се составени најмалку од два збора (компоненти).
2. Метафоричност
Значењето на фразеологизмите е метафорично, односно преносно.
3. Постојаност на формата
Формата на фразеологизмите е секогаш иста, не се менува. Целиот израз, непроменет го вклучуваме во реченицата.
4. Впечатливост (експресивност)
Фразеологизмите ги употребуваме кога сакаме повпечатливо да се изразиме.
На пр.: Земи колку што ти душа сака.
Повеќе >>

Употреба на голема буква

 

Со голема буква се пишуваат:
1. Почетниот збор на реченицата.
             
На пр.: Денес имав среќа.
  
2. Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите.
             
На пр.: Моето име е Билјана Богданоска, а моето куче се вика Арни.
3. Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин.
             
На пр.: Вчера го видов Игоровиот пријател Зоран.
На Милкиниот прозорец има најмногу цвеќиња.
4. Географските и топографските имиња. Ако се составени Повеќе >>

Фонетика – гласови, фонеми, букви

Науката што ги проучува гласовите се вика фонетика, а науката што ги проучува фонемите се вика фонологија.

Зборовите се делат на најмали делови – гласови. Во македонскиот јазик има 31 глас. Фонетиката ги проучува гласовите според нивниот изговор, односно артикулација (каде и како се формираат гласовите и кои говорни органи се употребуваат).
Освен како посебни единки гласовите, можат да се разгледуваат и според функцијата која ја вршат во зборот.
На пр. зборот „р а к а“ е составен од
Повеќе >>

Акцентот во македонскиот јазик

Акцентот во македонскиот јазик

Акцент е нагласеното, посилно изговарање на еден слог во зборот. Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.
Македонскиот акцент е динамичен и определен.
Динамичен акцент значи дека се одликува со силата на издишната струја, а определен значи дека се наоѓа на точно определено место во зборот.
Местото на акцентот во македонскиот јазик е на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и повеќесложните зборови.
            Правила за акцентирањеПовеќе >>

Старословенски и црковнословенски период

Во историскиот развој на македонскиот јазик разликуваме старословенски и црковнословенски период.

Писмената активност на Словените опфаќа два периода: старословенски (IX – XI век) и црковнословенски (XII – XVIII век).

Старословенски период

Словенската писменост се создала во втората половина на деветтиот век, односно во 863 година кога Кирил ја составил првата словенска азбука – глаголицата (или една година пред тоа, 862 – пред Моравската мисија).
Јазикот на старите Словени се нарекува прасловенски јазик, а јазикот по создавањето на азбуката се

Повеќе >>