Видови писма (пиктографско, идеографско, фонетско)

Писмото е визуелно претставување на говорот.

Исконската потреба на човекот да остави трага зад себе довела до појавата на писмото. Писмото е една од најголемите придобивки на цивилизацијата, бидејќи на тој начин се пренесуваат информациите од генерација на генерација.

Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Тоа е најстариот организиран систем на знаци. Ова писмо лесно се чита затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите
Повеќе >>

Развој на граматичкиот систем

Развојот на граматичкиот систем на македонскиот јазик се одвивал постепено, преминувајќи од синтетички во аналитички тип.
Старословенскиот јазик бил изразито синтетички – односно имал развиени падежни форми (деклинација) и развиен систем на глаголски форми. Со текот на времето овој систем многу се изменил и упростил, па македонскиот јазик се трансформирал во јазик од изразито аналитички тип – односно јазик без падежи и изразување на односите со предлози.
Развојот одел постепено, почнувајќи од 10. и 11. век, но веќе во 15. … Повеќе >>

Резиме на темата

Резиме на темата: Историски развој на македонскиот јазик со прашања и вежби за повторување.
Македонскиот јазик спаѓа во индоевропското семејство на словенските јазици – јужна група (источна подгрупа со бугарскиот).
Историјата на македонскиот јазик започнува со прасловенскиот јазик кој немал писмо, па затоа и немаме точни податоци каков бил тој. Но, врз основа на тој јазик, а особено врз основа на говорот на Словените кои живееле во околината на Солун е создаден првиот писмен словенски јазик т.н. старословенски јазик.
Повеќе >>