Антон Панов (1905/6-1968)

Антон Панов „Печалбари“ (раскажана)

 

За животот на Антон Панов

 

Антон Панов (1905/6-1968)

Антон Панов (1905/6—1968) е роден во Стар Дојран. Основното училиште го започнал во Дојран, а го завршил во Струмица, каде неговото семејство се преселило во текот на Првата светска војна, бидејќи нивната куќа била целосно разрушена. Гимназија учел во Белград, но паралелно го посетувал Музичкото училиште, каде учел виолина и соло пеење. Кога го прекинал гимназиското школување работел како хорист во Белградската опера. Ноќе, по претставите се враќал пешки дома и се соочувал

Повеќе >>
Ристо Крле (1900-1975)

Ристо Крле „Парите се отепувачка“

За животот на Ристо Крле

Ристо Крле (1900-1975)

Ристо Крле е роден во Струга 1900 година, во семејство на чевларски мајстор. Завршил основно училиште и први клас гимназија до 1912, а втори клас се запишал дури четири години подоцна, под бугарска окупација. Рано останал без татко, па повторно бил приморан да го напушти школувањето и да работи.

Од 1920 до 1924 активно учествува во аматерската театарска група „Црн Дрим“. Следната 1925 година заминува во Подградец, Албанија, каде работел како чевлар. Тогаш ја … Повеќе >>

Матурски прашања за „Тартиф“ (6. 2011)

На тестот по македонски јазик и литература – државна матура, јуни 2011, беа зададени следните прашања за „Тартиф“ од Молиер:
Прочитај го извадокот од делото „Тартиф“ од писателот Жан Батист Поклен Молиер и одговори на поставените прашања.
СЦЕНА VI
Валер, Оргон, Клеант, Елмира, Маријана, Г. Пернел, Дамис, Дорина
Валер:

(На Оргон)
Жалам дека носам лоши вести јас,
но друг излез немам в овој страшен час.
Еден другар мој, со кого блиско стојам,
и ја знае добро намерата моја,
макар да … Повеќе >>

Матурски прашања за „ Тартиф “ (6. 2009)

Во тестот за државната матура по македонски јазик, јуни 2009 година, ја имаше оваа задача за „ Тартиф “ од Молиер:
Прочитај го внимателно извадокот од делото „ Тартиф “ од Жан Батист Молиер и одговори на поставените прашања.

СЦЕНА СЕДМА
Тартиф, Елмира, Оргон

Тартиф:
Госпоѓо, сè оди според мојот план,
Јас прегледав сè во сиот апартман,
Нема жив човек! Ах, во моја сте власт…

Оргон:
Стојте! Запрете ја вашата луда страст!
Ова е вашиот крај, вашиот пад!
Се правевте … Повеќе >>