Писмена работа за „ Големата вода“

Љубовта на родителот е незаменлива – Големата вода од Чинго

Секое дете има потреба од мајчинска љубов, нега, воспитување. Секое дете има потреба од мајчинска прегратка, утеха, топлина, совет. Но, за жал, секое дете не го доживува тоа.

Живко Чинго во романот „ Големата вода“ ни го претставил детството на група сирачиња по Втората светска војна, и ќе каже, дека не запомнал друго место каде толку брзо умира детството како во домот за сирачиња.

Кутрите дечиња, останати без … Повеќе >>

Писмена работа за „Судбината на човекот “

Војната го разорува животот на човекот, но го прави уште посилен (Андреј Соколов од Судбината на човекот – Шолохов)

Многу несреќи може да ни се случат во животот, но пострашно од војна – нема. Во неа човекот станува нечовек, станува убиец, станува ѕвер. Андреј Соколов од расказот „Судбината на човекот“ ја имал таа лоша судбина – да ја доживее и преживее војната.
Тој бил скромен човек, по потекло од сиромашно семејство, кој едвај се снаоѓал да преживее. Имал … Повеќе >>

Писмена работа за „Пиреј“

Истрајноста на македонскиот народ прикажана во романот Пиреј од Петре М. Андреевски

Македонец сум, во Македонија, дел од македонскиот народ и нашата мачна македонска историја и сегашност. Кога ќе ги повторам зборовиве, сè ме потсеќа на мака, мака и само мака. Затоа ли е Македонија? Зашто е созданена со маки, зашто истрајала во маки, зашто со мака опстојала и со маки опстојува?

Петре М. Андреевски вели дека нашето племе е пиреј, дека сме како тревата што не може … Повеќе >>

„Чичко Горио“ (писмена работа)

Предлог писмена работа за романот „Чичко Горио“ од Оноре де Балзак

Семејството прикажано во романот „Чичко Горио“ од Балзак

 

Семејството е најважната клетка на човечкото општество. Децата се наследници на минатото, а родителите се оние што им ја обезбедуваат иднината. Во романот „Чичко Горио“ од Балзак ни е претставено едно нетипично семејство, зашто мајката е почината, па таткото мора да ги преземе двете улоги на родител. Нашата поговорка „без татко пола сирак, без мајка цел сирак“, таткото Горио … Повеќе >>

Писмена работа за драмите меѓу двете светски војни

Предлог писмена работа за драмите меѓу двете светски војни

Машките ликови во драмите меѓу двете светски војни

 

Меѓу двете светски војни се случува силен подем на драмското творештво во Македонија. Особено значајни драматурзи од овој период се: Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле. Карактеристично за нивното творештво во овој период е акцентирањето на македонскиот живот – социјалните разлики, битот, обичаите, традицијата.

Во сите три драми: „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, „Печалбари“ од Антон Панов и „Парите се отепувачка“ … Повеќе >>