Писмена работа за „Крпен живот“ од Стале Попов

Предлог писмена работа за романот „Крпен живот“ од Стале Попов

Македонската жена прикажана во романот „Крпен живот“ од Стале Попов

 

Во романот „Крпен живот“ е прикажан животот на едно типично селско, мариовско семејство, при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Особено внимание е посветено на начинот на живеење, обичаите, традицијата, а сето тоа преку двата женски лика, Доста и Митра.

Во семејството Сукалови, отпрво само Митра била жената и домаќинка која се грижела за целото семејство – … Повеќе >>

Писмена работа за „Улица“ од Славко Јаневски

Предлог писмена работа за „Улица“ од Славко Јаневски

Улицата – училиште за животот

 

Повеста „Улица“ од Славко Јаневски е првото негово прозно остварување. Пишувана е во прво лице, а раскажувачот е Славе, детето, кое преку своите доживувања на „улицата“ ни ја дава сликата на предвоеното Скопје и сликата на растењето и развивањето на еден млад човек.

Славе, или Јане Славковиќ, како што го нарекува неговиот класен раководител, сo своите 12 години, посакува возбудливи настани, посакува барем некаде да се … Повеќе >>

Пример за пишување писмена работа

На темата: Социјалните мотиви во делата на македонските драматурзи меѓу двете светски војни – ќе дадеме пример за пишување писмена работа

Времето за изработка на писмената работа од 45 минути нè ограничува, па затоа мора сконцентрирано да се насочиме кон:
  1. големината на текстот (од 300 до 350 збора);
  2. одговарање на темата (да внимаваме да не ја промашиме темата и да не раскажуваме непотребно);
  3. да поставиме од 3 до 4 прашања (тези) на кои ќе одговориме;
  4. да ги заокружиме во
Повеќе >>

Писмена работа (насоки и критериуми за оценување)

Писмена работа по македонски јазик е ЕСЕЈ кој секој ученик го пишува на часот, а претходно се подготвува за посочената област. Учениците имаат насоки кои теми ќе бидат опфатени, но не им се дава конкретната тема.
Така, на пример, по обработката на темата од македонската литература меѓу двете светски војни, писмената работа ќе ги опфати драмите на Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле; односно, социјалните, љубовните, битовите мотиви или мотивот на парите – опфатени во еден текст.
Поради конкретниот
Повеќе >>
Гилгамеш

Писмена работа за „ Гилгамеш “

Ликот на бесмртниот Гилгамеш

 

Животот е убав. Животот е исполнет со сонце, со надеж, со стремеж кон убави цели. Животот е чукање на срцето кога сме среќни, земање длабок здив од чист воздух, полнење на окото со прекрасен поглед. Животот е најубавиот подарок од боговите, кој, за жал, трае само миг и потоа згаснува. Животот е убав, особено ако си богат крал кој има сè што ќе посака.

Гилгамеш, кралот на Урук, знаел вистински да ужива во животот. Тој … Повеќе >>