Писмена работа за „Илијада“ – Ахил

Предлог писмена работа за „Илијада“ од Хомер

Гневот на Ахил

 

При првата средба со Хомеровата „Илијада“ се бориме да ги совладаме необичните стихови, првпат слушнатите епитети, но полека стануваме дел од древната приказна за десетгодишната Тројанска војна.

Уште на првите страници – тој: најубавиот, најхрабриот, „брзоногиот“, „боголикиот“, „синот Пелеев“ – Ахил. Неговото убаво лице се грчи од гнев заради навредата од Агамемнон. Тој не поднесува навреда и неправда! Ни мудроста на грчките војсководци, ни напредувањето на Тројанците не успеваат … Повеќе >>

Писмена работа за „Илијада“ (Патрокло)

Предлог писмена работа за „Илијада“ од Хомер

Тагата по загубата на најдобриот пријател, Патрокло („Илијада“)

 

Колку силни суштества се луѓето. Велат, човекот планини може да помести, а може да се скрши во еден миг, како стакло. Кои се нештата што нас луѓето нѐ прават силни, и што е она што во еден миг може да нѐ скрши?

Силата и моќта се доблестите и на најдобриот грчки воин, Ахил, од Хомеровата „Илијада“. Тој е најмоќниот војсководец меѓу Грците, брзоногиот, боголикиот, … Повеќе >>

Писмена работа за „ Антигона “

Предлог писмена работа за драмата „ Антигона “ од Софокле

Ликот на Антигона

Од древноста до денес, ретко женскиот лик е главен и носител на насловот на делото. Едно од ретките е токму „Антигона“ на Софокле.

Иако во трагедијата, можеби носечката улога ја има кралот Креон, сепак, Софокле ѝ дал предност на ќерката на Едип, Антигона.

Својата трагедија Антигона ја носи во крвта. Трагедијата на татко ѝ Едип се пренесува на целото семејство – па и на неа. Родена во … Повеќе >>

Писмена работа за „ Царот Едип “

Предлог писмена работа за трагедијата „Царот Едип“ од Софокле

Ликот на Едип (најтрагичниот лик во светската литература)

 

Може да бидеме умни и праведни, сакани и почитувани, горди и смели, да им помагаме на другите, да се грижиме – но од судбината и несреќата не можеме да избегаме. Тоа е Едип – најтрагичниот лик во светската литература.

Роден во царско семејство, во богатсво, Едип ја избегнал смртта кога бил дете и кога неговите родители сакале да го убијат заради Повеќе >>

Писмена работа за „ Хамлет “

Предлог писмена работа за „ Хамлет “ од Шекспир

Ликот на Хамлет

Во трагедијата „ Хамлет “ Вилијам Шекспир насликал еден образован млад човек од времето на доцната ренесанса – универзална, сестрана личност склона кон длабоко размислување.
Размислувајќи за животот, смртта и религијата, Хамлет го одбира животот со сите негови убавини и недостатоци, а го отфрла ветувањето на религијата за вечен, прекрасен, задгробен живот, бидејќи за тоа нема доказ (никој не се вратил од таму за да каже).
Хамлет е

Повеќе >>