Современи правци во литературата

Под современа литература се подразбира литературата создавана во дваесеттиот век, а уште повеќе литературата по Втората светска војна.

Како последен правец во литературата од XIX век се смета реализмот, а потоа при крајот на XIX и почетокот на XX век се појавуваат неговите продолженија – натурализмот и социјалистичкиот реализам.

Натурализмот подразбира реализам без стилизирање и идеализирање, прикажување на стварноста таква каква што е – со своите неубави, непристојни и тажни, во детали опишани слики. Овој правец го започнува францускиот … Повеќе >>

Реализам – појава и подвидови

Правецот реализам се појавува во услови на целосен напредок на науката, во триесеттите години од XIX век. Прво се појавува во Франција, за набрзо да се рашири и во другите европски земји.

Особености на реализмот

1. Одразување на животната стварност, но не како буквално фотокопирање, туку како обопштување (од повеќе слични ситуации или личности се прави избор и се создава еден, односно се обопштува);

2. Се анализира, се критикува и се бара разрешување;

3. Создавање на типични карактери во типична

Повеќе >>
чичко горио

Оноре де Балзак

чичко горио

Оноре де Балзак (1799-1850) е претставник на францускиот реализам. Роден е во Тур, на југот од Франција, во граѓанско семејство. Прво учел во духовен колеџ, а потоа се запишал на правни науки во Париз. Таму секојдневно присуствувал на судските расправии, каде татковците се откажувале од своите синови, синовите од татковците, жените од мажите, браќата од сестрите, симнувајќи ги сите маски на лицемерието и добрината. Искуството од овие животни приказни, тој подоцна ќе го искористи во своите дела.

Балзак си … Повеќе >>

Натурализам

Hатурализам е правец кој ја претставува последна фаза на реализмот и егзистира во периодот од 1870 до 1890 година.

Терминот натурализам е преземен од филозофијата каде означува материјализам, епикурејство (лагодност на животот) и световност.
Натуралистите го потенцираат човековото биолошко потекло, како и влијанието на средината. Тие многу внимание му обрнуваат на детаљот при фактографското и аналитичкото прикажување на стварноста.
Главен претставник и заговорник на натурализмот е францускиот писател Емил Зола. Тој собира натуралистичка група автори кои објавуваат збирка раскази … Повеќе >>

Модерна литература

Модерна литература (модерната) се појавува кон крајот на XIX, односно почетокот на XX век.

Во тој период капитализмот доживува највисок стадиум — империјализам. Моќните капиталисти се здружувале во трустови зад кои стоела и државата која освојувала колонии — во Африка, Азија и Јужна Амарика каде црпеле богатства и евтина работна сила. Односите меѓу работниците и буржоазијата се заостриле до крај. На повидок биле револуциите на пролетеријатот.
Ваквите општествени услови придонеле да се појави нов правец во
Повеќе >>