Модерна литература

Модерна литература (модерната) се појавува кон крајот на XIX, односно почетокот на XX век.

Во тој период капитализмот доживува највисок стадиум — империјализам. Моќните капиталисти се здружувале во трустови зад кои стоела и државата која освојувала колонии — во Африка, Азија и Јужна Амарика каде црпеле богатства и евтина работна сила. Односите меѓу работниците и буржоазијата се заостриле до крај. На повидок биле револуциите на пролетеријатот.
Ваквите општествени услови придонеле да се појави нов правец во
Повеќе >>
Шарл Бодлер (1821-1867)

Шарл Бодлер „Албатрос“

За животот на Шарл Бодлер

Шарл Бодлер (1821-1867)

Шарл Бодлер (1821-1867) е претходник на симболизмот и со него започнува модерната литература. Роден е во Париз, 1821 година. Рано останува без татко, кого мајката брзо го заборавила и се омажила за друг. Очувот бил од вишите аристократски кругови и добро го прифатил Шарл, но тој се чувствувал гневно и навредено, па постојано ќе ѝ префрла на мајка си. Студирал правни науки, но повеќе ќе му се оддаде на боемскиот живот отколку на учењето.Тој

Повеќе >>
Едгар Алан По (1809-1849)

Едгар Алан По „Гарванот“

           Едгар  Алан  По (1809-1849) е роден во Бостон, САД. Откако таткото ги напуштил, мајка му починала кога тој имал две години, па бил неофицијално посвоен од богатиот трговец Џон Алан. Пет години живееле во Англија и таму го започнал своето школување. Кога студирал во Вирџинија дошол во конфликт со потаткото и ја изгубил неговата материјална поткрепа. Оттогаш се обидувал да се осамостои, почнал да пишува и објавува стихозбирки. Две години бил во американската армија, за потоа целосно
Повеќе >>

Едгар Алан По – „Песна“, „Анабел Ли“ и „Ѕвона“

За да се разбере Едгар Алан По, секако треба да се познава неговата биографија, неговиот трагичен живот, неговата реалност постојано опкружена со смрт. Не влегува тој во мрачните, депресивни темнини за да биде интересен и поинаков – не е смртта илузија за него, таа е реалност, здодевно присутна во неговиот живот.
Уште речиси бебе, на двегодишна возраст се соочува со смртта – и тоа на мајка си. Во младоста се соочува со првото разочарување кога неговата љубена од детството
Повеќе >>